Српската националистичка младина во Белград го запалува весникот “Автономна Македонија” истиот ден кога излегол од печат.
Автономна Македониjа (La Macédoine autonome). “Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците” бил македонски весник во Белград, неофицијален орган на Македонскиот клуб. Излегувал во периодот меѓу 12 октомври – 14 декември 1905 година, секоја недела. Георги Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник, а Григорие Хаџи Ташковиќ е главен уредник, весникот бил поган од Ј. Велиќ, А. Атанасов и Ефтим Спространов. Весникот излегувал на српски јазик, а воведната статија во превод и на француски. Се залага за автономија на Македонија. По издавањето на 12 број на весникот Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ се принудени да ја напуштат Србија и да го растурат Македонскиот клуб.