Во статијата се споменуваат Митрополитот Теодосиј (скоро сигурно се мисли на Т. Гологанов) и уште двајца митрополити кои се Македонци поставени за епископи во Македонија од бугарската егзархија, а кои никогаш не живееле во Бугарија. Нивното поставување во Македонија наишло на протести кај грчките провладини весници каде отворено се признава дека идното приклучување на Македонија го сметаат за клучно за опстанок на грчката држава како и за градењето на грчкиот хеленизам.