„… Има мислења дека Македонските Словени веќе поседувале азбука која тие ја употребувале за потребите на секојдневниот живот и тоа што Константин (св. Кирил) го направил било да го преработи писмото и да го заокружи (комплетира) за поточно обработување на звуците од Словенскиот говор, со некои дополнителни знаци (симболи) кои тој ги примил од Еврејскиот и Самарјанскиот …“
„… It has been suggested that the Macedonian Slavs already possessed an alphabet which they employed for the needs of daily life and that what Constantine did was to revise the script and complete it, for the more accurate rendering of the sounds of Slavonic speech, by some additional symbols which he adapted from Hebrew or Samaritan …“
Според овој извадок од книгата Македонците кои биле донесени како заробеници во Бугарија создале своја колонија кој исто така ја нарекле Македонија. Така некој римски водач Kordyles кој бил наречен стратег на Македонија, всушност бил стратег на македонската колонија во Бугарија. Според описот колонијата во Бугарија се наоѓала некаде под Дунав. Така што често пати доаѓало до забуна, мешајќи ја Македонија и Македонците со Македонија – македонската колонија од Македонци заробеници во Бугарија.
John Bagnell Bury е плоден англо-ирски историчар со многу дела кои се однесуваат на класичниот период.