• 1902.07.02_Борис Сарафов – Орган стороннаков независимој Македонији •
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе нѐ ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
• • •
Ние Македонците се сметаме себе си како посебен национален ентитет, и ни најмалку не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде преземена од Бугарија, Србија или Грција.
• • •
Голема грешка е да се верува дека сакаме да ја придобиеме Македонија во името на Бугарија. Ние Македонците се сметаме за целосно засебен национален елемент и не сме расположени да дозволиме нашата земја да биде заземена од Бугарија, Србија или Грција. Ние, всушност, ќе се спротивставиме на секое инкорпорирање со сите сили. Македонија мора да им припаѓа на Македонците. Недоразбирање настана преку нашето престојување во Бугарија. Околноста дека сме подготвиле македонско востание додека живеевме во оваа земја, доведе до заклучок дека целиме кон сојуз меѓу двете словенски покраини. Сепак, тоа е сосема апсурдно.
Да нѐ протераа од Бугарија и да се населевме во Швајцарија, никој не би помислил дека сакаме да ја ослободиме Македонија во името на Швајцарија; Само одиме таму каде што наоѓаме најповолни можности за нашата револуционерна работа…
Но, каде и да сме, ние сакаме нашето движење да се разликува од националните аспирации на независните балкански држави. Енергично ќе се спротивставиме на секој обид на тие држави да ја обезбедат Македонија за себе.
• • •
Во Србија и во Бугарија сѐ уште не ја сфаќаат огромната важност за автономијата на Македонија и затоа се борат за да докажат дека во Македонија живеат Бугари и Срби. Ние Македонците не сме ни Бугари ни Срби, ние сме само Македонци и ние сакаме слобода за нас и за нашата Македонија.