• 1885 – говор во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на Свети Методиј •
Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но, мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив. Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!