На 13 косар 1950 година, бугарскиот весник „Работничко дело“ го донесува „Политичкиот извешатај на Привремениот централен комитет на македонските културно – просветни друштва во Бугарија“ – всушност резиме од извештајот на Христо Калајџиев пред општата конференција, одржана на 20, 21 и 23 април 1950 година.
Пренесувајќи дословно од резимето, весникот потенцира дека „запирајќи се врз односот на Македонците во Бугарија, кои изнесуваат над 500.000 души, кон борбите на македонскиот народ“, Калајџиев рекол:
Кај Македонците што живеат во Бугарија никогаш не гаснел интересот кон ослободителното дело на македонскиот народ, за кое во минатото тие ја пролевале својата крв и го рескирале својот живот. Никогаш тие не престанувале да се интересираат за судбината на својата татковина и својот народ, за своите браќа и сестри, останати во Македонија, мнозина од кои паднале во борбата. Зар ќе го заборавиме ние славниот Илинден, великаните Гоце и Јане, зар ќе го газиме идеалот на нашиот народ и ќе го оставиме во рацете на разни трговци… Зар молкум ќе станеме соучесници на тоа предавство? Ние предавници на нашиот народ не сме биле и нема да бидеме. Ние сме живееле со неговите болки и страдања
Христо Калајџиев (1886 – 1964) кој потекнува од Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија, бил деец на Македонската револуционерна организација и член на Централниот комитет на Бугарската кумунистичка партија. По Деветосептемврискиот преврат во 1944 година го потпишува „Апелот кон Македонците во Бугарија“, а во периодот 1944 – 1945 година се залага за обединета Македонија. Бил назначен за претседател на Сојузот на македонските културни – просветни организации во Бугарија и за потпретседател на Македонскиот научен институт.