Огранок од организацијата на МПО во градот Лорејн (САД), создаден во цутар 1924 година, го носел името ‘Александар Велики’. Огранокот имал знаме на кое биле прикажани името и ликот на Александар. На Собранието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претседател бил Никола Меланов од Костурско, а во раководството биле Трајче Вангелов (исто така од Костурско), секретар Иван Томев (од с. Брајчино Преспанско).
Мнозинството членови на оваа организација биле Македонци од преспанските села.
Посочил: Портал Македонска Нација