Поткупени со желбата за да се завладее Македонија, бугарски политичари дозволиле бугарскиот крал, да ја сврти православна Бугарија против православна Србија, а со тоа и против најголемиот бугарски поддржувач православна Русија – во еден од најтешките историски мигови за Србија и Русија. Според изјавата подобро е кога со војна (на страна на Централните Сили) на терен во Македонија и другите посакувани територии, ќе биде бугарската војска како гаранција за нивно добивање, отколку да се надева на ветувања од заднински договори, какви што може да се претпостави од изјавата, добивал од страна на Антантата.
Статијата известува за праќање на огромна бугарска војска на границата со Србија од страна на бугарскиот крал Фердинанд и за неговата готовност да објави војна. Бугарскиот крал изјавува дека со незваничен договор не се постигнува победа и ако од таков договор зависи шансата на Бугарија да ја добие Македонија, тоа може никогаш да не се случи. Нагласува дека неговата Влада води политика која на дело е дејствена и донесува сигурни позитивни исходи.
Ние би рекле бугарскиот крал повеќе го влечела германската крв за сојузништво со Германија и Австро-Унгарија, а Македонија тука е само за изговор пред политичарите и православниот бугарски народ, кого го вовлекол во непотребна и срамна војна против други православни народи.
Посочила: Славица