1917.04_Рудолф Арчибалд Рајс – ‘Страдањата на градот Битола’, Солун

„… Според ова, целокупниот број на жртви е 764, од кои 399 мртви и 365 ранети; ова се званично утврдени броеви на мртви и ранети жртви, граѓани од бомбардирањето на Битола од страна на Бугаро-Германците. Меѓу мртвите има 81 маж, 92 жени, 115 деца, со неодреден пол 111, меѓу ранетите има 75 мажи, 88 жена, 110 деца, со неодреден пол 82.
Броевите, коги ги наведов, не ги претставуваат сите загуби во човечки животи, кое го причинило бомбардирањето на престолнината на јужна Македонија.  …

… До денес во Битола, не умрел ниту еден војник од вдишување на гасови од германско-бугарските проектили. …

… Гледајќи, дека Битола за нив е потполно изгубена, Бугарите се одмаздуваат над несреќните жители. Постапувањето, кое го воведоа во градот за време на својата минлива окупација, веќе покажа, колку малку се искрени нивните „братски чувства“ према Битолчани. Нивното диво бомбардирање ќе ги разруши и последните илузии, со кои некои познати уште се занесуваа, останувајќи, покрај сѐ, потајно бугарофили.
Тревен 1917.“

 

„… Према овоме је целокупни број жртава 764, од којих је 399 мртвих и 365 рањених; ово су званично утврђени бројеви мртвих и рањених жртава, грађана од бомбардовања Битоља од стране Бугаро-Немаца. Међу мртвима има 81 човек, 92 жене, 115 деце, неодређенога пола 111, међу рањенима има 75 људи, 88 жена, 110 деце, неодређенога пола 82.
Бројеви, које сам навео, не представљају све губитке у људским животима, које је причинило бомбардовање престонице јужне Маћедоније. …

… До данас у Битољу није умро ни један војник од удисања гасова из немачко-бугарских пројектила. …

…Видећи, да је Битољза њих потпуно изгубљен, Бугари се свете над несрећним становницима. Поступање, које су завели у граду за време своје пролазне окупације, већ је показало, како су мало искрени били њихови „братски осећаји” према Битољцима. Њихово дивље бомбардовање разориће и последње илузије, којима су се извесни још заносили, оставши, успркос свему, потајно бугарофили.
Април 1917.“

Слика преземена од книгата на Арчибалд Рајс – „Страдањата на градот Битола“ (1917). На сликата е прикажано семејство убиено во напад со отровен гас.

Посочил: 1912-1918 Македонија, 1912-1918 Macedonia

 

Рудолф Арчибалд Рајс (1875-1929) е истакнат швајцарски правник, форензичар-фотограф и професор на Универзитетот во Лозана.

Како стручњак по меѓународно воено право, а подоцна и како доброволец во српската војска учествувал и на Солунскиот фронт. Тој 1917 г. ја објавил сликата, и за настанот пишува: „Ноќта меѓу 16 и 17 март [1917], бугарско-германската артилерија почна да фрла проектили со задушувачки гасови по средина на градот. Од ракетите, таа ноќ загинаа 19 луѓе, а од гасните проектили, загинаа 62 лица. Меѓу вториве, 25 беа жени, а 32 – деца. Од овој датум, проектилите со отровни гасови паѓаат секој ден на сите делови на несреќниот град. Непријателите ги пуштаат ноќе, така што сиромашните жители, во спиење, да не можат да се спасат.“

Посочил: Види Види