“… Современа Грција е многу различна од Грција од древниот свет. Најголемата разлика е тоа што мислиш за Грција и да се биде Грк не е ништо како древното искуство.
Да се биде Грк во древниот свет значело дека си споделувал начин на живот со народот., повеќе отколку граѓанство во поединечна земја. Грците живееле низ целото Средоземие: Шпанија, Северна Африка, Сицилија, јужна италија, Мала Азија (денешна Турција), Беломорските острови, и се разбира земјената површина која луѓето ја нарекуваат денешна Грција. Овој начин на живот вклучувал:
– Јазикот кој си го зборувал …
– Боговите во кои си верувал ….
– Храната што си ја јадел ….
– Сите други нешта кои го прават поединечниот идентитет.
Уште повеќе, Грците од древниот свет, нужно не се сметале себе си за Грци; повеќе, тие се класифицирале себе си како граѓани на местата или градовите од кои доаѓале. Грците само се сметале за Грци во споредување со надворешни. Така Атињанин кој разговарал со Египќанец се опишвал себе си како Грк, додека ако истиот Атињанин разговарал со некој од Коринт (друг грчки град), тој се нарекувал себе си Атињанин. ….“
Посочил: makedonien.mk