Познатото американско списание известува за демографските промени во Грција после воениот пораз на Грција и договорот од Лозана од 1923 година. Со одлуките од тој договор околу 1,25 милиони Грци биле преселени во денешна Грција при тоа најмногу на просторот од беломорскиот дел од Македонија. Од друга страна половина милион Турци биле иселени во Турција. Доселените анадолски Грци, посебно децата, не знаеле грчки, а од друга страна многу од иселените турски деца не знаеле турски.
Во Грција биле организирани кампови на кои анадолските Грци биле учени да зборуваат на грчки јазик.
Посочил: Портал history.mk