Вера Циривири – Трена

Вера Циривири – Трена за да не падне жива во рацете на ГНАСНИОТ БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР, сама си го одзела животот во Штип на 15 златец 1944 година. Нејзиното мртво тело било сквернавено од оние чии потомци денес продолжуваат со напади кон македонскиот народ.

„ … На 5 декември нејзиното тело беше откопано. При откопувањето присуствуваше многу народ, претставители на војската, власта, роднини и другари на Трена. Присутните ги овлада уште поголемо волнение кога мајка ѝ на незабравимата, непуштајќи ни солза, рече:

‘Горда сум дека во оваја света борба дадов две ќерки и еден ранет 18 годишен син, не плачам и се заветувам дека ќе дадам се за борбата.
На фашиската звер и се скршени нозете, но главата и стои во Берлин – ние и таму ќе појдиме!

Не те жалиме! Оти твоите коски и крв се урезаа во темелот на македонската федерална држава. Сега кога гледам наша народна војска која маршира победоносно во Берлин, јас се чуствувам горда дека сум родила такви деца.’ …“