1922_Stephen Panaretoff – ‘Near Eastern Affairs and Conditions’

„… изворните Бугари никогаш не ставиле нога во Македонија …“ иако името Бугар станало истоветност со Славјанин, „… нивното кралство во очите на Македонците било Славјанско кралство, кралство во нивна сопственост. …“

„… 2. Кога во втората половина на десеттиот век, источниот дел од Бугарското Кралство паднало под византиско владеење, долга борба, во траење од четириесет години, била витко одржувана на запад – поточно во Македонија – против Византиските напади. Средиштето на ова западно Кралство било во Македонија а не во правата Бугарија, а сите летописци – Грци, Арапи, Ерменци и други – зборуваат како за Бугарско и за луѓето кои учествувале во борбата како Бугари. Сигурно е потврдено дека правите Бугари никогаш не ставиле нога во Македонија, населението кое во најголем дел биле Славјани. 

… Делот кој овие Славјани го зеле во борбата за независност од Бугарското Кралство, и името Бугари по кое ти се означени докажува дека правите Бугари до тоа време биле исцело Славицизирани. Нивното име станало синоним со тоа на Славјанин, а нивното кралство во очите на Македонските Славјани било Славјанско кралство, нивно сопствено кралство. …

… Српската состојка во Турција претрпела значајно смалување со доселувањата кои Австро-Турските војни ги принудиле. Оваа загуба била најпочувствувана во областите кои се нарекуваат Стара Србија, северно од Шар Планина. Во седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век овие територии паднале некое време под Австриско владеење, но потоа биле повратени под Турција. Плашејќи се од одмазда од Турците при нивното преосвојување на територијата, многу илјади Срби претпочитале да се иселат во Австрија, каде што беа сигурни во подобар третман од Христијанска власт. Земјата испразнета од Србите била заземена од Албанците кои фаворизирани од Турската власт …


… натаму истуркале нивно населување јужно од Шар Планина во Македонија. Политиката да се имаат овие Албански населби насадени меѓу Христијаните на Македонија била за преплашување и чување во подреденост на Христијаните. Овие Албанци, кои практично биле неизмачувани во третманот од подрачните власти на Христијаните, била една од редовните причини за немир и незадоволство во Македонија. Како што овие области сега се во поседување на Југославија, албанската дозвола ќе биде запрена, и ако Албанија добие независна сопствена власт, овие Албанци може да претпочитаат да се придружат на нивните сонародници отколку да останат под превласт на Југославија. Можноста од идни несогласувања дури и судири помеѓу Албанија и Југославија во поглед на овие територии кои се населени со Албанци, воопшто не се исклучени. …“

Заклучоци:
– Самуиловото Царство и претходните битки во Македонија се сметаат за самостојно дело на Македонските Славјани;
– Македонското Кралство како одделно небугарско Кралство;
– вредност е уште еднаш потврдата дека називот Бугари станал општ назив за сите Славјани;
– Стара Србија не е Македонија туку е северно од Шар Планина. Таму завршува Србија и јужно започнува Македонија.
– Албанците на Косово и во северозападна Македонија се доселеници донесени од Турците, за заплашување и искористени за држење во подреденост на христијанското население.

Писателот на книгата Стефан или Стивен Панаретов бил високообразуван Бугарин со англицизирана свест. Бил бугарски дипломат во САД. Што значи бугарски извор тврди дека борбите во Македонија и создаденото Кралство во 10-11 век, биле самостојно дело на Македонските Словени.

 

Посочил: 𝔐𝔞𝔠𝔢𝔡𝔬𝔫𝔦𝔠𝔬𝔫