„… * Прво, уште од почетокот беше погрешно да сакаш на друга земја да ѝ наметнеш име, колку и да не се согласуваш со нејзиното. ….“
„… Па, така, слоганот „Македонија е една и грчка“ во ушите на кого било создава слика дека на современата карта на Балканот има само една
конотација: дека Грција присвојува туѓа територија. Колку и да не го сфаќаат ова сите оние што го поддржуваат овој слоган, колку и да велат дека тоа е еден одбранбен слоган, а не иредентистички став, барањето на една и грчка Македонија одекнува како империјалистички план што би ги изменил утврдените граници на нашиот регион. Значи, овој мит не е само неодржлив. Тој е и опасен. …“
“… Само османлиска Македонија беше една. Од тој момент, Македонија е распарчена, па ниту е една, ниту исклучиво грчка. Грчката Македонија е географски дефинирана, стана етнички хомогена со грчко-турската и грчко-бугарската размена на населението (односно заминувањето на жителите муслимани и дел од населението кое зборуваше словенски, како и со доаѓањето на православните бегалци) и со угнетувањето на малцинствата, уште од времето на меѓувоениот период, а со цел да се елинизираат. …“
„… Зошто сакаме да заборавиме дека грчка Македонија станала грчка дури во минатиот век, преку едно трогателно искоренување на населението, со реципрочна размена на населението, со доаѓањето на Грците од Мала Азија по уништувањето? Сегашниот демографски состав на Македонија е, пред сѐ, резултат на размената на населението, а не на опстанокот на сите автохтони грчки жители.“ Вака пишуваше еден од врвните историчари, Филип Илиу, во 1993 година (во интервјуто што денес се наоѓа во томот Мозаични камчиња од историјата и политиката на дваесеттиот век, Полис, Атина, 2007, стр. 53- 61), како одговор на најпопуларниот слоган од тоа време: „Македонија била и е грчка“.
Фактите се сосема јасни: Македонија никогаш не била само една и само грчка. Напротив. …“