ГЛОБАЛТОТАЛИТАРИЗАМ

Креации со МНА ознаки

Светските организации (како што е Светската Здравствена Организација) се КОМПРИМИТИРАНИ ОРГАНИЗАЦИИ.

Нивното раководење е преземено од група од интерес, така што нивните одлуки повеќе не се валидни.
Целосното разобличување на погрешно даваните насоки од СЗО за време на Ковид пандемијата е еден од најочигледните докази кои ја потврдуваат компромитираноста.

Темничарите ќе ги користат СЗО и други преземени организации (UNESKO образование, WTO – трговија, UNICEF – детски развој, НАТО – воена сила и други) за смалување на светското население.

Македонскиот народ е во друштвото на народи кои се предвидени дека не треба да постојат. Намерата е не само да бидеме физички истребени, туку и да се избрише секаков спомен за нашата култура, дух, вероисповед… Целосно бришење како никогаш да не сме постоеле.

Сите Македонци, независно дали се тоа политичари, должносници или обични луѓе, кои ги спроведуваат или им се покоруваат – ги премолчуваат и не се спротивставуваат на одлуките на компромитираните светски организации, (како што беше СЗО за време на пандемијата), соучевствуваат во истребувањето на сопствениот македонски народ.

Светската олигархија вметна свои луѓе во клучните управни врвови и преку процесот на порозност во целост ги презеде.

Светската олигархија, како слуга на менталитетот на парите и материјалното богатење, во услови на технологија која овозможува глобални корпорации, стекна моќ да ги совлада националните политики и да ги стави во сопствена служба. Оние кои мислат дека се патриоти, но за исполнување на националните лакомости добиваат помош од светските организации се само инструменти кои откако бидат употребени, подоцна и самите ќе бидат прилагодени за потребите на Мамоновите слуги.

Ако страста на олигархијата кон парите, кон богатството ја создава лошата крв, отровот кој тече низ вените на еден народ, тогаш страста на светската олигархија кон парите е најлошата крв на човештвото.

Секој свесен поединец да се вложи за одбрана на што е можно поголем суверенитетот на својот народ, затоа што во таа мера ќе ги одбрани своите лични слободи. Во спротивно, ако нема отпор, нѐ чека олигархиско-технократски тоталитаризам каков што никогаш никаде не постоел.

МНА

«====== *МНА* ======»
II НАЦИОНАЛЕН ОДДЕЛ 
Предмет: Политика 
Тема: Национална борба (Бр. 013)
Објава: ВБТМВКИС_СМ_409-712
«====== *МНА* ======»