Браќа и сестри Македонци, треба да се намалат радувањата, сѐ додека целосно не биде завршено со Заев и криминалната клика околу него. Да не се опуштаат правдољубивите сили, да не заборавиме дека Шарлатанот неколку пати се извлече од тешка положба. Се надеваме дека раководствата на опозициските партии пред сѐ ПП ВМРО-ДПМНЕ извлекле поука и овој пат со енергично делување нема да му остават таква можност. Сите заедно со работа, храбар и силен отпор да ги издржиме овие денови до вториот круг од општинските избори затоа што ќе бидат исполнети со заевистички ветувања “брда и долини”, а од друга страна со закани со сѐ со што располагаат.
Да се искористи оваа шанса и со спрегнување на народните сили да се нанесе голем пораз на арамиската коалиција.
Со голема веројаност тоа ќе наметне принуда за свикување на Собраниски избори и расчистување со Заевизмот – производител на секојдневни национални и криминални стресови.
Управа
на МНА