Уште еден многу значаен закон се донесува по брза постапка, со т.н. европско знаменце. За некого небитен за некого приоритетен закон.
Проучувајќи (анализирајќи) ги одредбите од новиот сеуште предлог закон со законот за попис од 2011 година воочуваме неколку за нас многу битни разлики. По нас најсуштинска разлика во однос на стариот закон се одредбите од Член 9 од Законот од 2011 година. Конкретно во Член 9 пропишано е кои податоци ќе се внесат за лицата кои се опфатени со пописот. Конкретно во став 6 од истиот член се пропишува дека ќе се внесуваат податоци за етничките карактеристики и тоа
- Национална припадност
- Мајчин јазик , и
- Вероисповест
Во новиот Закон во член 10 се пропишани општи податоци кои ќе се обезбедат со пописот и тоа:
- Географски карактеристики;
- Демографски карактеристики;
- Економски карактеристики;
- Образовни карактеристики;
- Миграциски карактеристики;
- Културолошки карактеристики;
- Инвалидитет/функционална попреченост.
Етничките се заборавени??? Случајно или намерно??? Дали ова е почеток на крајот на нашиот идентитет, етничка припадност, јазик, вероисповед. Кој ќе ги прецизира овие одредби и зошто не се внесени во основниот закон за кој „Амин“ треба да дадат (не)народните пратеници. Чисто да види народот кој како гледа на најважните карактеристики на македноскиот народ.
Кризната состојба продолжена за наредните шест месеци, дополнително им оди во прилог на вршителите на должност „власт во Македонија“.
Дали ќе бидеме Македонци, граѓани на Северна Македонија, коси црти, три точки, никој и ништо… ќе видиме како ќе ни определат пл(р)атениците, “Владата”, Калето, Кики, Фрики, Боки, чесните кадри или незнам ти кој.
Можеби да не ги навредиме нашите душмани, окупатори, администратори, “добри” соседи..
Многу прашања, зошто, како, кога, колку….
Зошто за таков битен закон изостана јавна расправа, дебати, трибини или да се забрза со доуништувањето на македонскиот идентитет? Случајно или намерно, просудете сами:
Во Член 39 од Законот од 2011 година се пропишани одредбите за јазикот на кој ќе бидат пополнувани пописните листи, според кој пописните листе ќе се пополнуваат на македонски јазик и на јазикот на кој зборуваат повеќе од 20% од граѓаните кои живеат во локалната самоуправа. Во исто време пописните листи пополнети на јазик различен од македонскиот ќе се пополнуваат напоредно и на македонскиот јазик.
Во новиот закон се предвидува пописните листи да се пополнуваат на седум јазици, во член 34 е пропишано следново:
(1) Апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и бошњачки.
(2) Попишувањето ќе се врши на јазикот што ќе го избере лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците.
Изоставено е пописните листи покрај еден од 6-те јазици различен од македонскиот да бидат во исто време попишани и на македонски, или според нас подобра опција е самиот образец да биде двојазичен покрај јазикот на другите националности да биде и на македонски.
Имајќи ја во предвид сериозноста на самиот попис, резултатите од истиот и намената за која можат да бидат употребени овие податоци АПЕЛИРАМЕ:
ОД ИМЕТО НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА, А ВО ИМЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, АПЕЛИРАМЕ И БАРАМЕ ОД СИТЕ ЧИНИТЕЛИ НА ВЛАСТА КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ И ОДГОВОРНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ВНЕСАТ СЛЕДНИВЕ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ВНЕСАТ ЕТНИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛИЦАТА КОИ СЕ ПОПИШУВААТ
- Национална припадност
- Мајчин јазик , и
- Вероисповед
ПОПИСНИТЕ ЛИСТИ ПОКРАЈ ЈАЗИКОТ НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ИСТО ВРЕМЕ ПОДАТОЦИТЕ ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ И НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
ПОПИСНИТЕ ЛИСТИ ДА СЕ ИЗГОТВУВААТ ВО ДВА ПРИМЕРОКА ОД КОИ ЕДНИОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ОСТАНЕ КАЈ ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ПОПИШУВА И ПОПИСНИТЕ ЛИСТИ ДА БИДАТ СВОЕРАЧНО ПОТПИШАНИ ОД ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ПОТПИШУВА
СТАВ НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА
Само Македонија!!!Никогаш СЕВЕРНА!!!
Македонија засекогаш!
Пописот да се врши исклучиво на македонски јазик на цела територија на државата, и да се внесе графа Познавање на македонскиот Јазик. Да видиме колку проценти од малцинствата го познаваат јазикот со кој треба да си ги вршат услугите во институциите. Ова со еден куп јазици е чорба каша попис. Со познавање на јазикот кој е прогласен за државен малцинството покажува лојалност а сега со шест, ниедно не покажува лојалност.