Category: АIV ТАБУА НА НЕГАТОРИТЕ
Не може да негираат оние кои самите имаат и сокриваат сопствени национални слабости кои се и причина за негирањето.
Податоци кои немаат поврзаност со македонскиот народ, но кои ги рушат националните табуа на македонските негатори.

1941-1944_Бугарскиот фашизам во ВСВ
Разни слики и податоци за уделот на бугарската држава во поддршка на фашистичката страна од Втора Светска војна. Види повеќе… 1929.02.06_Орган на Сојузот на бугарските фашисти – списание ‘Бугарски Фашист’. 1933+_Цар Борис и Адолф Хитлер; 1936.01.08_весник-Нова-Германија; 1941.04.08-09_Богдан Филов – ‘Дневник’; 1941.04.15_Бугарско МВР – барање за окупација; 1941.04.15_Бугарски Министер за Внатрешни Работи; 1941.04.15«1955_БАН – ‘Историја на Бугарија’, том II, с766;…

1936.01.08_весник Нова Германија
Бугарски профашистички весник „Нова Германија – Das Neue Deutschland“.

1929.02.06_Орган на Сојузот на бугарските фашисти – списание ‘Бугарски Фашист’
Цели 12 години пред Бугарија да стане дел од фашистичката коалиција, на 35 години од раѓањето на царот Борис Трети, во Софија излегува весник со име „Бугарски фашист“. Весникот го издава Сојузот на бугарските фашисти или поранешниот Сојуз на борци, како што пишува во весникот. Бројот од 6 сечко 1929 година е посветен на 35 години од раѓањето на царот…

1939.10_Richmond Lattimore – ‘Classical Philology V34, No4’
Уште една посока за поврзаноста на Хеленизмот со африкански извори. Во случајов за влијанието и потеклото на хеленскиот пантеон од египетската религија.

1995_Грчки платеници во Сребреница
Новинарски навод дека грчки воени платеници зеле учество во етничкото чистење во Сребреница.

1933+_Цар Борис и Адолф Хитлер
Бугарско фашистичко сојузништво со Хитлерова Германија.
1925.12.28_Весник Време (15000 грађана … протестују против грчких насиља над нашим живљем)
Српскиот весник „Време“ известува за големи народни протести организирани низ Македонија тогаш под српска управа против ѕверствата и наголемо извршуваното претопување (асмилиација) на половина милиони “Срби” од страна на грчката држава.

0500+, 0800+ « 2007_Anthony Kaldellis – ‘Hellenism in Byzantium’
Грчки автор пишува за недостатокот или слабоста од докази за опстанок на Хелените во рамките на византискиот империјален конгломерат. „… „Древните Грци“ се споменувани само во поглед на објаснување на религијата од тие пагански Римјани. Имам најдено само два текста кои показателно (индицираат) кажуваат дека Византијците можеби препознавале опстанок на Хеленски народ (нација) во скорешното минато, иако и двата (текстови…

1987, 1991, 2006_Martin Bernal – ‘Black Athena’
Високообразованиот британски професор доктор по историја Мартин Бернал во своето дело „Црна Атина“ пишува за африканските корени на древната хеленска култура.

1827_Првиот грчки Устав (одредница за Грк)
Според првиот Устав на Грција од 1827 година Грци се: 1. Сите домородни луѓе од Грчката Држава кои веруваат во Христос. 2. Сите оние, верници во Христос, кои под Османлиското ропство, дошле или ќе дојдат во Грчката Држава за да се борат или да живеат во неа. Ако за да се биде Грк не се бара крвна врска со Хелените…
1828_Јоанис Каподистриас (прв грчки Премиер)
Македонија никогаш не била грчка земја. „… Во древните времиња реката Војуша (Вјосе) и планината Олимп ја раздвојувале Грција од северните соседи. Во средниот век и модерните времиња Тесалија секогаш била грчка. Но Македонија била населена со Словени и други раси …“ Изјава на Јоанис Каподистријас (1776-1831) кој бил руски министер за надворешни работи со грчко потекло и прв премиер…

2009.06.23_Nikos Dimou за New York Times
Ние за говорење користевме Албански и себе си се нарекувавме Римјани (Ромеи). Меѓутоа Винкелман, Гете, Виктор Иго, Делакроа, тие сите ни рекоа: ‘Не вие сте Хелени, директни наследници на Платон и Сократ’, и тоа ја заврши работата. Ако на мала, сиромашна нација на рамења и се стави таков товар, никогаш нема да се опорави.

1981+_Maria Efthimiou (many Greeks were Albanians)
Грчката историчарка Мариа Ефтимоу професорка на Атинскиот Универзитет тврди дека: албанскиот јазик во многу делови од Грција бил примарен јазик на кој населението зборувало.

1944_Joseph S. Roucek – ‘Albania as a Nation’, p108-109
Уште едно стручно сведоштво за значајниот удел на албанско население кое се претопило во составот на грчката нација. Притоа, се наведува, невозможно е да се утврди ‘дали се работи за хеленизирани Албанци или полуалбанизирани Грци’.

1857-1858 « 1988_Richard Clogg – ‘Parties and Elections in Greece’
Сведоштво дека во Грција, пред западното замешување, Хеленизмот не бил сметан како основа за национално поврзување во државна организација.