Category: А1.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од македонска документација.
1913.06.07_Македонски Глас – ‘Меморандум на Македонците’, бр.1
„МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ До владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави Македонците постојано, во текот на вековите востануваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упорна борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878 година, Македонија одново остана во дотогашната своја неволја, таа со уште поголем самопрегор…
1913_Атанас (Наце) Димов Чуповски (три меморандуми), Санкт Петерсбург
„ПОЛИТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“; „ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“; „ИСТОРИСКИ ОСВРТ НА МАКЕДОНИЈА“. За Наце Димов, денешните Македонци се пославјанчени древни Македонци… __________ Наце Димов познат и како Атанас Чуповски или Атанас Димов Чуповски е роде во селото Папрадиште, Велешко, 1876 – Санкт Петерсбург, 1916. Бил македонски национален деец, брат на Димитрија Чуповски и близок…
1941+ « 1990+_Книга за Методија Андонов Ченто
„… Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците …“ Како и што е вообичаено скоро во секоја револуција, набрзо после НОБ и Втора Светска Војна врвот на социјалистичката власт во Македонија ја превзеле жедните за власт, оние кои глумеле комунисти, а ги истиснале правите борци за…
1887.07.02_Барање од прилепчани за отворање македонско народно училиште
Документ во кој прилепчани бараат македонско училиште, издаден на 2 јули, 1887 година. Гласи вака: Изјава Ние, долу потпишаните од Прилеп, како поданици на неговото Императорство и Величество Султан Абдул Хамид II сакаме да имаме Македонско народно училиште и како ние не сме родум Бугари, затоа не ја познаваме Бугарската Црковна Општина и нивните училишта, а за религиозна заштита го…
1977_Јован Павловски – ‘Судењето како последен пораз’ (судење на окупаторски началник)
„… Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство …“ Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa…
1914.08.06_Говор на претставникот на Македонците на Општословенското Собрание
„… но несреќна Македонија, разделена со Букурешкиот договор на три дела. Македонија, таа втора Полска, исто така има законско право на манифест за нејзиното обединување и за востановување на царството на царот Самоил и на кралот Волкашин. Меѓутоа, иако Македонците и се борат за слободата на Србија и за словенското дело воопшто, како што се бореа тие и за општословенското…
1905.06.26_Писмо од Крсте П. Мисирков до проф. Иван А. Бодуен де Куртоене
Писмо на К. П. Мисирков 1905 год. во кое се обраќа кон својот професор замолувајќи да добие материјали за објава во идното месечно списание „Вардар“ кое ќе се занимава со македонското прашање. Содржина на писмото: Од 1 август ов. г. почнувам да издавам во Одеса месечно потцензурно списание „Вардар“, посветено на интересите на Македонија, коешто исто така ќе има и…
1899.05.01_Погрешно толкуваното писмо од Гоце Делчев
Ова писмо се користи како крунски доказ за “бугарштината” на Гоце Делчев. И тоа само заради ироничната реченица „Жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест!“. Тоа значи дека Македонците патат од болеста која им се подметнува да бидат сметани за Бугари. Но бугарската пропаганда не сака да го сфати тој…
1913_Македонски Глас – знаме на Петроградското Македонско друштво
Знамето на Македонската Колонија во Санкт Петерсбург: Намерно или потсвесно со примеси на древните македонски ознаки: 15-зрачно Сонце заградено со натпис „Единствена независна Македонија“ и коњ еднорог како наличност на Букефал – коњот на Александар Македонски.
1940.11_Леток на ПК КПМ, Скопје (Методија Шаторов Шарло)
„… Господата од Белград и Софија спорат за Македонија, а македонскиот народ ич не го прашуваат …“ „… Всушност, Македонците не се ни Срби ни Бугари, а се само Македонци …“ Препис на целата содржина на летокот. Извор на пренесената содржина на летокот: https://documents-mk.blogspot.com/
1904.09.17_Револуционерен Лист – Сандански до ”Грците” во Мелник
„… Не бугарска Македонија сакаме ние, а Македонија на Македонците …“
1974.08_ДООМ – ‘Илинденски проглас’
Платформата на Движењето за Ослободување и Обединување на Македонија од 1974 г., содржела: 1. Поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија; 2. Признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија; 3. Враќање на Македонците бегалци во Грција и 4. Автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија.