Category: А1.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од македонска документација.
1944_Апел до Македонците во Бугарија
Апел до Македонците во Бугарија потпишан од видни Македонци, комити и Илинденци за поддршка во изградбата на слободна македонска држава. Посочил: wikimedia.org
1881.03.23_Манифест на Привремената Владата на Македонија
Познатиот проглас на Привремената Влада на Македонија составена од македонски учени кои до европските институции испратиле барање за признавање на македонската независност. Манифест на Привремената влада на Македонија 23 март 1881, Ќустендил ТЕКСТ: Македонци! Нашата мила татковина Македонија некогаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел,…
1903.09.30-_Даме Груев до Хилми Паша, писмо
“Паша Ефенди, Се обраќам кон вас… Македонците си стојат на зборот, и вам, имено вам, би ви следвало да научите од нас правилата на воената чест… Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот, кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата.” Д.Груев до Хилми Паша,…
1921.12.04_Устав на Македонската Федеративна Револуционерна Организација
Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација или Македонска емигрантска федеративна организација била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави. Табло со учесниците на конгресот на МЕФО од 1923 година Македонска Нација
1899.10.17_Полномошно за Ѓорче Петров од Врховниот Македонски Комитет
Полномошно за Ѓорче Петров за да собира средства од македонските друштва во Бугарија за потребите на македонската ослободителна борба.
1903.08_Никола Киров Мајски – Крушевски манифест
Манифестот на Крушевската Република содржи „бајрако на Македонија“, „ македонски синој“„Ура За Афтономна Македонија!” напишано на крушевско наречје. Никаде нема Бугари, Бугарија.
1945_Смиле Војданов, телеграма до Димитар Влахов
Смиле Војданов е илинденски војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација и долгогодишен деец во македонското национално движење во татковината и во иселеништвото. Смиле Војданов e роден во охридското село Лактиње (сега во општина Дебрца). Рано го напуштил школувањето и му се приклучил на македонското ослободително движење. Во Македонија се истакнал како еден од…
1868.03.21_Никола Поп Филипов, до Петко Рачев Славејков, писмо
Никола Поп Филипов од градот Банско, во 1868. вели: „… Грчкиот, црковнословенскиот и бугарскиот јазик се неразбирливи за нас Македонците …“ „… Учебните книги што се преведуваат на бугарски наречен (балкански) јазик досега малку нешто ни беа поразбирливи нам на Македонците од оние на црковнословенски јазик; затоа и полза сосема мала имаме придобиено од нив …“ „… Мнозина од нашите…
1924.05.06_ВМРО, МФО и КОМИНТЕРНА – ‘Мајски Манифест’, Виена
Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација со нова политичка програма за единство во дејствувањето на македонското ослободително движење. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна организација, потпишан во Виена на 6 косар 1924 година од членовите на Централниот комитет на ВМРО – Александар Протуѓеров, Петар Чаулев и Тодор…
1946.07_Илинденска организација, Софија
Во документ на македонската Илинденска организација во Софија, од јули 1946., се вели: „Сношти нашиот претседател со специјална комисија ги посети блиските на Гоце (Делчев), кои беа поканети да присуствуваат на предавањето на останките на Гоце на Земскиот одбор при НОФ во Скопје. Брзаше да го стори тоа, зашто дозна дека непријателите на Македонската Народна Република повеле постапки тоа да…
1949.04_Леток на СНОФ
Леток на СНОФ на македонски и на грчки јазик со ликот на Гоце Делчев во горниот лев агол.
1956.07.12_Закон за Илинденските пензии
Веднаш на почетокот после остварување на државноста, Македонија му се оддолжува на илинденските борци за значајноста на нивниот удел во нејзиното достигнување.