Category: А8.3 Само посока
Докази за македонската самобитност од СВЕТСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА без изворна слика, но со посока (референца) на изворот на кој се повикува.
1944_American Office of Strategic Services (OSS)
„… Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската страна … Народносно, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите. Тие јазички повеќе се разликуваат од Србите, отколку што се разликуваат Србите од Хрватите. Сепак, Македонците не се хомогена нација… Македонските Словени, најголемата народносна група, претставува одвај 30 отсто од целокупното население. Македонскиот национализам е многу неприроден. Тие се група…
1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald
„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…
1943.05_Амбасадор Џорџ Рендел до Министер Ормер Сарџент, писмо
Во првата половина од Втора Светска Војна под покровителство на британската политика, се зборувало, дури и биле направени определени договори, за поширока балканска федерација. Најпрво како југословенско-грчка федерација, во која би можеле да се приклучат Бугарија и Турција. Во сите тие разговори, иако било истакнувано начелото ‘Балканот на балканските народи’ македонскиот народ и самостојна македонска политичка единица долго време не…
1498-1578 « 2007_The Columbia Encyclopedia, 5 ed. – Giorgio Giulio Clovio Il Macedone
Џорџо Џулио Кловио, 1498-1578 година, италијански илуминатор, минијатурист и сликар, наречен и Македо или Ил Македоне поради неговото македонско потекло. Посочила: DragonGirl Извор: The Columbia Encyclopedia
1946.07.29–10.15_Direction de la documentation Francaise – Expose de M. Manuilski – Ukraine‘, Paris
„… Сметаме, меѓу другото, дека жртви на прогоните во Грција се албанското, бугарското и македонското малцинство. Сега илјадници лица стравуваат од истребување, бараат засолниште во Албанија и Југославија. Нема сомнение дека оживувањето на старите расни ривалства на Балканот ќе доведе во овој регион до закана Балканот од-ново да се трансформира во едно жариште на конфликти и да ја комплицира меѓународната…
1878.03-04.15_Дејствителен државен советник Хитрово, Сан Стефано
(Санстефано, 15 тревен 1878 година) (Михаил Александрович Хитрово бил првиот руски конзул во Битола, член на Санкт Петербуршкиот словенски комитет и добар познавач на Македонија и Македонците, н.б.) „…Така четата на Ѓорѓија Пулевски во текот на два и пол месеца ја обезбедуваше месноста Тројански Колиби, во секојдневни судири со групи башибозуци, а понекогаш и со регуларните војски… Овие чети, а…
1895—1916 « 2004_Силвано Галон – ‘Политичките извештаи на италијанските конзули во Битола’,
Во книгата „Политичките извештаи на италијанските конзули во Битола“ од Силвано Галон, еден од италијанските конзули меѓу другото пишува: „… Албанците се дивјачко племе, но, заслужуваат да имаат држава и ние во тоа ќе им помогнеме …“. За Македонците пишува: „… по никоја цена не треба да заземат водечка улога во Македонија, во тоа треба да се спречат со сите…
1943.09.28_Германската команда за југоисток – ‘Archiv des Auswärtingen Amts, Mikrofilm 4530’, Белград
„… Токму затоа реакцијата на Македонците кон Бугарите е истоветна како спрема Србите до 1941. Македонците до 1941 година се стремеле да се ослободат од Србите, а сега пак се борат да се ослободат од Бугарите… Мнозинството од населението пружа отпор кон Бугарите и тој станува се помасовен. Бугарија треба да е веќе свесна дека таа е неприфатлива за македонското…
1944.09.22_Нацистички извештај – македонски антифашизам
Македонците се непријателски настроени кон германската армија Во германскиот документ, кој е именуван како таен команден предмет од 22 гроздобер 1944 година, се вели дека целокупната борбена област Македонија е боиште и треба да се очекуваат непријателски напади. Во понатамошниот дел се предупредува дека „на секој германски војник или цивил мора да му биде јасно дека постојано е опколен од…
1943.11.23_Нацистички воен извештај – бугарските заблуди, Софија
Во германскиот извештај се утврдува дека Бугарија не ја разбира волјата на македонскиот народ. Во доверливиот извештај од 23 студен 1943 година, испратен до германскиот воен аташе во Софија и наредбодавецот на воениот округ Бугарија, се проценува политичката состојба во Албанија и бугарско-македонската граница. Во извештајот за Македонците, кои биле под албанска, односно италијанска окупација, се вели дека сосема мал…
1927.10.16_Чехословачка амбасада Софија до МВР во Прага, телеграма
„Македонскиот комитет се заканува дека ќе ги ликвидира членовите на владата ако наспроти предупредувањето, владата посегне на неговите членови. Прашање е како владата ќе го изврши апсењето, кога целата полиција е од Македонци. Енергијата на владата се поткопува од нерешителноста на некои министри. Сега владата превзема мерки за сопствена безбедност. Кризата ќе избувне веднаш штом белградската влада побара да бидат…
2021.10.19_ЕФА – ’Декларација за македонското малцинство‘, Брисел
Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура,…
-0630-_Хомер – ’Илијада‘, (јазична споредба)
Јазична споредба меѓу современи македонски зборови и зборови употребени во Хомеровата Илијада. Посочил: Влад Твитеровски
1887-1908 « 2013 _Vladislav B. Sotirovic – ‘From the Balkan history of diplomacy and politics’, Vilnius
Во табелата на населението според германскиот учен Schanderl во вилаетите на Јанина, Битола, Косово и Скутари покрај Срби, Грци, Власи, Турци и други живееле и како што ги навел ‘Македонски Словени’ кои по бројност биле втори после Албанците. Кога разни историски и етнолошки писатели наместо Македонци го користат изразот ‘Македонски Словени’, тогаш значи воочиле народност која се разликува и не…
1947.11.22_Советско Министерство на народното просвещение
„… Самуиловата држава не била западно бугарска држава, туку била држава на Македонските Словени …“