Category: А14 Родољубни изјави
Историски изјави на македонските дејци во прилог на македонската самобитност.
Константин Миладинов
• 1859.01.08 писмо до Георги Раковски • Господине Г. С. Раковски! Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано полуучихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни. Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето вестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови… Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите…
Петар Делииванов – Туше
• 1936.07.24_Статија во ‘Македонски вести’, г. II, бр59, стр1 • „Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат… Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да…
Стојан Куликов – Толе Паша
Тие од Битола ме осудиле на смрт како врховист. Но, јас не разбирам ништо, ниту од врховизам, ниту од централизам (црволизам-врволизам), како се вика немам абер од него, јас знам оти се борам за Македонија, но не за врховистите (врволистите) од Бугарија, и не за Бугарија. Еве ви ја пушката војводо, давам ти ја. Како сум знаел така сум работел…
Александар Турунџев
• 1905.08.30, изговорено пред самото бесење • Од мене Турчин или Грк не бидува, јаска сум Македонец и Македонија ќе биде слободна држава.
Смиле Војданов
Дојде моментот да се дигнеме сите браќа Македонци и сестри Македонки рака за рака, рамо до рамо да застанеме заедно во борбата против петвековните поробители. Да ја извојуваме слободата на нашиот народ, да ја спасиме погазената национална и семејна чест! Слобода или смрт! Да живее ослободителната борба! Да живее македонскиот народ! Да живее слободата! Смрт на петвековниот поробител и мачител!
Павел Шатев
• 1928.11.10 – ‘Македонско Дело – Безимени’, бр 77 • На секој Македонец, каде и да се наоѓа, му се налага задолжителен долг да протестира, да се бори кој со што може и да ги штити своите права и своите интереси, презирајќи ги сегашните натрапени водачи, кои со престапничка кусогледост и незнаење го водат македонскиот народ кон отворена смрт и…
Васил Антевски – Дрен
Ненадејно се приближи до масата на претседателот на Судот и посегна по десниот џеб на палтото. Врз масата истресе нешто од шамичето што го извади од џебот. Пред судот на масата се најдоа ноктите, како неумоливи сведоштва од сите десет прсти од нозете на Васил. Со презрив поглед се обрати кон претседателот: Јас сум син на македонски селанец и македонска…
Никола Зоографов
• Никола Зоографов како пунктов началник му пишува на Сарафов • Вооружувањето на Македонија е најважната работа на Комитетот. За да ја овенча со успех, неопходно му се нужни пограничните градови или содејството или бездејството на полицијата, затоа што ако полицијата на Бугарија не преследува, на сто седумдесет од работата ние ќе губиме. А многу пати од искуство знам дека…
Борис Сарафов
• 1902.07.02_Борис Сарафов – Орган стороннаков независимој Македонији • Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе нѐ ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците. • • • Ние Македонците се сметаме себе си како…
Арсени Танаско Јовков
• Весник „Илинден“, 14.09.1924 • Крајно време е да ги сфатиме нуждите за македонскиот печат, да ја сфатиме потребата од негово издигнување, ширење и усовршување и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонскиот печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво. • 1924 • Бугарскиот државен патриотизам и македонскиот патриотизам се две нешта,…
Михаил Герџиков (1877 – 1947)
Дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците, дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту им се влеваа надежи дека Бугарија ќе ја поддржи борбата. Јас му одговорив во смисла на тоа дека ние Одринци сме пред дилемата дали сега да дигнеме востание или воопшто да не го правиме тоа. Бидејќи Македонците се дигаат сега,…
Андон Лазов Јанев – Ќосето (1854 – 1953)
• 1933, Горна Џумаја • Браќа и сестри! Како скромен борец на Внатрешната македоно–одринска револуционерна организација, бев сведок и учесник во она велико дело што го изврши Македонецот пред триесет години, на Илинден 1903. Сега сум сведок на оваа свеченост на која се овековечи споменот на македонскиот четник и им оддавам почит на живите борци. Имам уште една – трета желба,…
Методија Андонов – Ченто
Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците. • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…
Иван Кантарџиев
Не треба да имаме никакви дилеми дека сме наследници на древните Македонци на овие простори. Не е важно како историски сме еволуирале од доаѓањето на македонските Словени до денес. Ние сме потомци на древните Македонци.
Пандо Кљашев (1882 – 1907)
Тукашните управници и скоро повеќето од Бугарите се безучесни кон нашето дело затоа што немаат формиран идеал што да ги тера напред. Таа е таа бугарска јавност и зборува преку устата на своите водители за македонското дело само кога е на работа за туркање и качување на влади. Посочил: ДООМ