Oд 16-19 век
Прашање на кој од овие македонски историски ознаки основата е со плава (Грција) или пак зелена боја (Бугарија)!? Ние не можеме да знаеме во древноста на која подложна боја биле поставувани древномакедонските ознаки – светлозрачното древномакедонско сонце, лавот и волкот. Меѓутоа на сите подоцнежни претстави низ вековите кои се до денес во боја сочувани, за Македонија, за Филип и Александар, за македонските династии, секогаш биле користени – црвената, жолтата, црната и белата боја. Црвената најчесто како подлога, лавот и сонцето врз неа најчесто со жолта боја. Истите бои (црвена, жолта, црна и бела) кои современите Македонци ги користат како свои обележја во последниве векови на постепен излез од подреденост до сопствена држава со проширување на националните слободи. Наспроти тоа црвената и жолтата боја и ознаките лавот и волкот скоро воопшто не се среќаваат во современата грчка хералдика. Во денешна Грција постои закон за културна заштита со кој со затвор се казнува секој кој јавно ќе го прикаже сонцето од Кутлеш врз црвена подлога. По таа безсмислена правно дискриминаторска основа има повеќе изречени пресуди врз Македонците кои во беломорска Македонија на јавно место го истакнале црвеното знаме со древномакедонското светлозрачно сонце.