Македонците се непријателски настроени кон германската армија
Во германскиот документ, кој е именуван како таен команден предмет од 22 гроздобер 1944 година, се вели дека целокупната борбена област Македонија е боиште и треба да се очекуваат непријателски напади. Во понатамошниот дел се предупредува дека „на секој германски војник или цивил мора да му биде јасно дека постојано е опколен од непријателско настроено население кое го чека само моментот на напад од надвор, за да се ослободи со едно внатрешно востание“.
Посочил: Весник Илинден