(Рас)продажба на државно земјоделско земјиште

Повод за денешнава објава, е најавата на Владата на Северна Македонија (не македонската влада) за продажба на дел од државното земјоделско земјиште, со цел обезбедување на дополнителни приходи во буџетот.
Конкретно на расправата (дебатата) емитувана на МТВ, вршителот на должност Премиер нагласи, дека државата (Владата) очекува од 200 до 300 милиони евра од продажба на државното земјиште со продажба на дел, т.е. 20 до 30% од земјоделското земјиште кое сега е во сопственост на македонскиот народ. Според анализaта на “Владата”, земјоделското земјиште кое е во државна сопственост, според пазарни цени вреди повеќе од 2 милијарди евра, но ЗЗ посочи дека државата очекува од продажбата да оствари приходи оd 200 до 300 милиони евра во наредните три години, т.е. 2021, 2022 и 2023 година.
Наведените изјави од страна на лицето ЗЗ се доволни за наша кратка но јасна анализа, целта која можеби ќе се постигне и повеќе дејствата (ефектите) од постојаното (континуираното) распродавање на државниот, т.е. народниот имот.
Сопственик на државното земјоделско земјиште е македонскиот народ и само тој може да одлучи за (рас)продажба на сопствениот имот. Народот може да одлучи непосредно (директно) на референдум, но и посредно преку своите (не)легитимни народни пратеници.
Да почнеме со првата можност, македонскиот народ да одлучи на референдум за продажба на дел од сопственото земјоделско земјиште, со цел остварување на дополнителни приходи во буџетот на „Северна Македонија“. Поучени од претходните референдуми, очекуваме референдумско прашање да гласи како што следи:
„ДАЛИ СТЕ ЗА ПРОДАЖБА НА ДЕЛ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ СО МОЖНОСТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДАТУМ ЗА ДАТУМ НА ПРЕГОВОРИ И ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКА УНИЈА, СО МОЖНОСТ ЗА ПРИСТАП КОН ЕУ ФОНДОВИТЕ И МОЖНО ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И ИДЕНТИТЕТ ОД СТРАНА НА ДОБРИТЕ СОСЕДИ.“
Понудени одговори со „ДА“ и „НЕ“, доволно е да излезат на референдум НН% од гласачи од избирачкиот список и доколку мнозинството од нив гласаат „ЗА“ , значи референдумот е успешен. Дури и да „затаи“ софтверот за пребројување на гласовите, референдумот ќе се смета за успешен, што значи народот сам си одлучил за себепродавање.
Втората можност, преку (НЕ)народните пратеници, на Седница на Собрание на С. Македонија да се донесе Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и истиот да стапи на сила. Во постоечкиот Закон за земјоделско земјиште, поточно Член 17 точка 1, е пропишано
• Земјоделското земјиште во државна сопственост може да биде предмет на продажба, под услови и начин утврдени со закон.
Постојните закони не ја пропишуваат можноста за продажба на државно земјоделско земјиште, што значи треба да се донесе нов закон и истиот да стапи во сила за да се спроведе продажбата во 2021 година како што планира власта.
Како што сега делува (функционира) Собранието, ова ќе биде најлесно, по скратена постапка, без да се слушне мислењето на стручните и засегнати лица од продажбата, ќе се одлучи многу брзо. Најверојатно е дека купувачи се веќе обезбедени, цените договорени, провизиите за продажба потврдени. Само потпис од (не)одговорните и продажбата е завршена.
Вонредната состојба, корона кризата, само како нарачани за завршување на зделката.
Како што едно одговорно, совесно домаќинство, последно што ќе одлучи за надминување на моментални финансиски потешкотии е да го продаде сопствениот имот, сопствениот дом, така и власта како последна мерка за полнење на буџетската каса е да го стави на продажба државниот имот. Поточно она што остана од државниот – народен имот.
Од друга страна што би значеле приходите од продажба на државното земјиште како дел од буџетот на државата. Ако буџетот за 2020 година, „тежи“ – 3,6 милијарди ЕУР, приходот од продажба на земјоделско земјиште 200-300 милиони ЕУР за три години, значи годишно по 100 милиони ЕУР, во однос на вкупниот буџет, приходот од продажба на земјоделско земјиште би учествувал со 2,7 %. Сето ова споредено со обично семејно домаќинство би значело, ако некое семејство има приходи од 30 илјади денари месечно, со продажбата на земјиштето би го зголемило приходот за 830 денари – еднократно само во еден месец и толку.
Веруваме дека напред наведените податоци (информации) се доволни да се заклучи кои се намерите на (не)одговорните и плодоторноста (ефектите), т.е. последиците од продажбата на народниот имот.
Дококу сакаме да личиме на нормална држава, власт која води грижа за зачувување на имотот на граѓаните, власт која води сметка за иднината на своите поколенија, постапката би требало да изгледа вака:
• Да се обезбеди мислење од стручни лица од земјоделската дејност за последиците од отуѓувањето на имотот. Да се спореди износот на приход кој ќе се добие еднократно, со можните идни приходи кои би се остварувале од истото земјиште. Доколку и еднокртаниот приход од продажба е значитено повисок од очекуваните приходи во наредните 50 години и да разбереме дека продажбата има економска логика.
• Да се изјаснат непосредно земјоделските производители за дејствата (ефектите) над сегашното земјоделско производство кои ќе бидат предизвикани со продажбата на државното земјоделско земјиште. Колку тие би биле погодени од оваа трансакција и дали можеби со оваа продажба би можело да се подобри постојното земјоделско производство.
• Да се организираат јавни расправи (дебати), трибини, каде што ќе се разговара (дискутира) за наведената тема и заклучоците од овие размислувања (дебати) да бидат основ на власта за нивните понатамошни одлуки.
• Да се изнајдат други начини на остварување на приходи од државното земјоделско земјиште со тоа што тоа и понатаму ќе остане во сопственост на македонскиот народ.
Поучени од досегашните случувања со владеењето во Македонија, не е тешко да се претпостави дека набрзо ќе никнат плантажи на високодоходовни култури за кои некои веќе имаат обезбедено доволно лиценци и одобренија. За кратко време Македонија од плодна оаза ќе заличи на Авганистан или Колумбија, надополнето со нефункционионалниот систем значи брз и целосен крај и пропаст.

АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА АКАДЕМИЈА