Category: 01A ETHNOGNESIS

Facts that confirm Macedonian national ethnogenesis.

Posted in А9.1 Слика и посока

1890.06.08_The New York Times

Турскиот Султан за Њу Јорк Тајмс објаснувал кој лежи во турските затвори. „… Во турските затвори Муслиманите и Христијаните се држени одвоено … Христијаните се составени од Грци, Бугари, и Македонци …“.     Посочил: Macedonian Agema

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position

„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание. ‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор…

Posted in А11.1 Слика и посока

1397 « 1997_John Meyendorff – ’Byzantium And The Rise Of Russia‘

Не само што според муслимански извори Македонците биле спомнати како поданици на Цариградскиот император за време на Ромеја, туку се и први наведени. „… Дури и во муслиманските извори, се наоѓа идејата дека императорот на Константинопол е владетел на многу нации вклучувајќи Македонци, Грци, Бугари, Власи, Алани, Руси, Иберијци (= Грузијци) и Турци (= Унгарци). …’   Посочил: Вождот

Posted in _Избор А15 Странски изјави

Владимир Бурич

Подготвувам да напишам книга за Македонија и македонизмот. Јас во руските библиотеки веќе набележав и систематизирав 400 библиографски единици за мојата книга… …Сред нив ги претпочитам изданијата од 18-ти и 19-ти век. Посебно ги ценам записките на руските научници кои за потребите на руските воени центри ги проучувале Средно-Азиските предели и историја. И притоа се допреле до градбите, животот и…

Posted in А24.1 Чети

1903.08+_Македонска чета за време на Илинден

Posted in А33 Правни дејства

2023.09_Обединета Македонска Дијаспора – Денови на македонското наследство, САД

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ја прогласи оваа сабота, 16 гроздобер, за ден на македонското наследство. Тој, заедно со македонската заедница во Њујорк, денес се очекува да го крене македонското знаме на настан на Вол Стрит во Менхетн, по повод 32 години од независноста на Македонија. „Македонските Американци ќе продолжат да играат клучна улога како што преземаме цврсти чекори да…

Posted in А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1939.01.30_LIFE Magazine – Vasilka M. Petroff

„… Господа: Ве замолувам прибележете го моето негодување против онеправдувачката употреба на изразот „родени убијци“ која им е нанесена на Македонците. Горд и интелегентен народ, Македонците храбро се борат против друштвените, политичките, и стопанските турски угнетувања во должина од пет векови. После Светската Војна, Македонија беше поделена помеѓу три балкански земји, секоја обидувајќи се да ја надмине другата во наметнување…

Posted in А5.2 Само слика

1859 _БАН – ‘Гласник’ кн. VIII, с15-16

Покрај сите прикривања при обработката на материјалите се случува да не може да се избегне изнесување податок кој ја потврдува вистината на македонското гледиште. Така во овој документ на Бугарската Академија на Науки се тврди дека во неколку извори се споменува автобиографска белешка на св. Кирил Филозоф, каде стоело дека ја нашол АЗБУКАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ. Што било заведено во…

Вероучение - Поука 03
Posted in А7.3 Само посока

1711.03.03 « 1958_Мита Костић – ‘Култ Петра Великог код Руса, Срба и Хрвата у XVIII веку’, Бр8, с92

Рускиот цар Петар Велики во еден свој познат проглас, Македонија јасно ја разликувал како одвоена земја од Србија и други наброени балкански земји: „до сите христијани од грчки (православни н.з.) и римски закон (римокатолици н.з.) во Србија, Славонија, Македонија, Босна и Херцеговина“. Овде не стои ни Стара Србија, ни Бугарија, туку така како што секогаш било само Македонија.   „……

Вероучение - Поука 03
Posted in А24.5 Дела и Настани А9.3 Само посока

1903.08.14_Osaka Majnichi Shimbun, Japan

„… Изгледа дека е многу тешко да се најде темелен начин за да се решат проблемите на Балканот. Се стравува дека ако продолжи борбата, мирот во Европа исто така ќе биде нарушен. Повикувајќи се на вестите што доаѓаат од Лондон, востанието сѐ уште се шири, а згора на тоа извршен е и атентат врз рускиот конзул. Востаниците се составени од:…

Вероучение - Поука 03
Posted in А9.3 Само посока

1902_Die Zeit, n288, Austria

„… Сарафов работи на тоа Македонија да добие политичка самостојност. Факт е дека постои извесна разлика помеѓу македонското наречје и јазикот што се зборува во Србија или во Бугарија, поради што постои желба наречјето на оваа покраина самостојно да се развива. Во таа смисла Сарафов го даде слоганот: Македонија на Македонците!… Ако Сарафов сериозно мисли за самостојноста на Македонија, ние…

Posted in _Избор А17.1 ДМК Слика посока А9.1 Слика и посока

1978.08.25_The Greenville News – ’Hua praises Macedonian ‘traditions’‘, South Carolina, US

„Македонската нација има древна историја и славни револуционерни традиции“ Хуа Гуофенг – наследник на Мао Цетунг, водач на Кинеската Комунистичка Партија и Премиер на Народна Република Кина. Изнесеново досега беше познато само како гласина. Дека некогаш висок кинески политичар на средба со македонските политичари, им споменал за древното македонско потекло. Некој од македонските комунисти му возвратил дека – ние сме…

Posted in А3.1 Слика и посока

1936.07.24_Петар Делииванов – Туше – Статија во ‘Македонски вести’, г. II, бр59, стр1

„Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат… Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да се наоѓаат тие, а да ги одбегнуваме сите пречки што…

Posted in А17.1 ДМК Слика посока

1928_Георги Трайчев – ’Духовните качества на македонските българи‘, София

Бугарофилот Георги Трајчев, како и многу други застранети, на извесни места во своите дела, неизбежно се самонегираат. Така во неговата книга тврди дека денешните Македонци зачувале дел од силните квалитети на старите Македонци. „Македонецот поседува дел од квалитетите на древниот македонски народ, на кои водачи им биле Филип Македонски и неговиот син Александар Велики. Зачуван е старомакедонскиот антрополошки тип во…

Posted in А24.1 Чети

1903.10.04_Illustrazione Popolare, Italia

Слики од последните денови на Илинденското Востание. На сликите се прикажани востаници од четата на Питу Гули. Сликата е доставена со откуп на изворниот примерок на списанието од оперскиот пеач Благој Нацоски.   Посочил: Јован Јован