„… Какви и да се српско-грчки надворешни односи – сојузнички или не, тие по постигнатите територијални поделби на Балканот, ќе се наоѓаат под знакот на српскиот стремеж кон југ. Ако Белград на времето се повлече од еден договор за сојуз и пријателство со посилната од него Бугарија, поради горниот и средниот тек на Вардар, зашто да не го поништи, во благопријатно време, и оној со послабата Атина, заради останатиот дел на Вардарската Долина или заради убавиот богат Солун? Над српско-грчкиот сојуз ако се оствари, како дамоколиев меч ќе виси српскиот сремеж кон југ, сѐ додека Македонија не им припадне на своите вистински господари, на Македонците. Грчко-српскиот сојуз беше зачнат во грев, роден како злосторство на двете држави. Само една Автономна Македонија може да ги спаси од неизбежните немири и крвави конфликти во иднина. …“
Посочил: Види Види