Краток опис на содржината:
МАКЕДОНСКИ ПРИГОВОР (молба, барање н.з.)
Било добиено писмо од таканаречениот Комитет за Автономија на Македонија кој повикува на внимание кон источно европското прашање. Во документот од 12 точки биле дадени предлози за Султанот и за потписниците на Берлинскиот Договор.
Територијата да биде управувана од комисија составена од европски и домородни делегати. Таа комисија треба да работи усогласено со Султанот обезбедувајќи автономија за народот и национална контрола за Султанот. Султанот ќе има право да држи војска, да ги обезбедува границите. Комисијата треба да располага со војска од 45,000 луѓе составени од меѓународни и домашни доброволци, кои треба да бидат командувани од Генерал кој ќе дојде од некоја од неутралните европски земји. Кога нештата ќе се средат, таа војска ќе биде преполовена и ќе се претвори во полиција под управа на Високиот Комесар.
Вилаетите да се поделат на четири покраини – Албанија, Македонија, Стара Србија и Тракија управувани од сопствен гувернер од европска националност, поставен од Портата во согласност со големите сили. Султанот ќе го задржи правото на меѓународно претставување, склучување договори поврзано со покраините кои од друга страна ќе плаќаат данок.
Плановите на комисијата мора да бидат усогласени со расните, јазичните и верските разлики во покраините. Трошоците ќе бидат поднесени од самите покраини. Ако ова не биде исполнето ќе престанат да бидат богато поле за собирање на жетва за опресивните и грабежеливи османлиски службеници.
Посочил: Ѕале