Книгава е преполна со занимливи податоци. На неколку места при набројувањата Македонија стои напоредно и раздвоено од Бугарија и Грција.
На првата слика Македонците од древно време ги раздвојува од другите стари народи во изминатите милениуми.
На едно место (прочитај после 94 страна) писателот пишува дека српските учени го убедувале дека Англичаните имаат српско потекло. Имало преселба на Балтикот и Северно Море од каде како српско мнозинство, подредено под Саксонско владеачко малцинско ја освоиле Велика Британија. Па прашува „што ќе речат на ова Русија и рускиот панславизам како и учените во Велика Британија“.
Веднаш подолу може да се прочита дека градот Битола тогаш 1850 веќе го носел тоа име.