„Јазикот – тоа е голема сила на народот, на нацијата. Да му го земеш јазикот, тоа значи да му ја земеш душата, да го лишиш од неговиот национален персоналитет. И таа забрана овде (во Кралството Југославија, б.н.) и иста таква забрана во „бугарска“ Македонија, и во Грција – тоа е сè борба за душата на македонскиот народ, но не за тоа таа да се развие, туку да се уништи. И тука има едно фантастично совпаѓање: трите балкански буржоазии се единствени во нешто – во тоа да се одрече, а потоа да се уништи македонскиот јазик за да се избрише македонскиот народ како национална индивидуалност…Ете и историјата сакаат да ни ја скријат, да ни ја земат, за да ни ја земат душата, за да докажат дека сме племе без историски континуитет. Народ кој нема свое вчера, кој нема свое денес, не може да има ни свое национално утре. Ете, нашето вчера треба да исчезне за да се стопи нашето денес и за да се избрише секоја мисла за нашето утре. А континуитетот постои – континуитет на маки и страдања, но и континуитет на отпори, борби и еден чудовишен континуитет на национална отпорност и на народна жилавост.“
[Кирил Миљовски, Со Кочо за македонскиот јазик, нација, историја, Кочо Солев Рацин. Избрани дела, Сеќавања на современиците, Избор, редакција и предговор Перо Коробар, Скопје, 1987, 150, 152.]
• • •
• 1940 година •
Значението на Илинден
У историјата на македонскиот народ има многу места кај што се покажује сичко онова што е битно за неговата борба за ослободуење. Секоа народна историја има таквиа места ели датуми, па и македонската историја. А еден таков, и това, може би, најголем е Илинден ели Илинденското восатние. Това е денот, кога заспалиот македонски народ, разбуден од петвековниот сон се разбудуе и стануе да оди со свои нозе по своиот вистински пат. Точно, Илинденското востание не го доврши тој пат. Това само го почна тој пат, поправо, само го покажа за тие што вистински се борат за вистинска слобода на Македонија.
И баш затова оти тој пат не е довршен, оти само ако понего се тргне ќе се дојде до слободата на Македонија, баш затова ние младите, напредните синови на оваја поробена земја, треба да го цениме и учиме Илинден, за да би ја постигнале целта на својата борба и слобода на Македонија. Изучувањето на историјата, особено изучувањето на историјата на еден народ, секој пат значела многу за тиа што се бореле за слободата и прогресот на еден народ. Затоа и се вика, дека историјата била учителка на народите. Но особено таја учителка ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба. Оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се завртуе паметот, историската поука, а Илинден има најголемо значение за нас.
Значењето на Илинден
Што беше Илинден? Како дојде, како стана и што не учи тој? Ете, това ќе расправаме у оваа прилика и ќе сториме проба уште еднаш да покажеме вистинските патишта на македонскиот народ.
Илинден е најголемата дата у целата досегашна борба на македонскиот народ. Илинден беше првиот вистински пат и едничок начин да се ослободи тој народ, и као таков, тој покажа со крваво платено искуство, како требе да се води таја борба, и како секога, не се оди по него, се праќа со скапа крв и борбата заостануе назад.
Илинден го спреми и организира В.М.Р.О. Таја тогај вистински верна револуционерна организација на македонскиот народ основана од неговите први верни синови, за да го отфрли петвековниот турски јарем, тргна само по едниот верен пат на таја борба: да ослободувањето на Македонците не може да стане само от самите Македонци. И тогај се мислеше дека слободата ќе ни ја донесе некој друг. И тогај некои клапави синови на нашиот народ мислеја и се надеваја дека таа слобода ќе ни ја даде „некој отаде Блгарија, Европа ели некој друг, само не самиот македонски народ. Но неговите верни синови знаеја кој може това вистински да го стори и по кој начин и патишта треба това да стане.
Револуционерна организација
Економското состојание, народносното состојание, народните потреби и вистинските револуционерни сили што се развивајат од сичко овова – ете, това беше првата стапка от кај што требеше да се тргне, и от кај што тргнаја верните борци и организатори на Илинден. Првата В.М.Р.О. била направена од неколку поразбудени Македонци, ама како масвна организација таја почнуе да биде од 1896 г. Тогај на чело стоеше Даме Груев. Таја организација, како вистинска револуционерна организација, јасно се определи што сака и како ќе го постигне: масовно организирана револуционерна акција и самата Македонија, водена од самите Македонци. Оти за организаторите на В.М.Р.О. беше јасно дека само така може да се освојуе слободата на Македониа.
Отогај, па до 20 јули 1903 [сметано по стар календар] кога стана Крушевското Илинденско востание, вистинските народни борци непрестано работеја у народот, пропагандираја, дигаја свест, организираја месни комитети, вооружени борбени одреди — чети — и се што требаше да се дигне едно народно востание.
Борба за слободна независна автономна Македонија
Но едно е овдека да се каже, за да разбере целиот карактер на едно такво востание. Првите борци на В.М.Р.О. – Даме Груев, Гоце Делчев, и Јане Сандански, како вистински народни борци, убаво знаеја што беше тогај Македониа и какви се вистинските потреби за нејзините народи. Тија пропагираа борба против турската феудална империја, а за една слободна независна автономна Македониа уредена како демократска-гражданска држава. Они сакаја да се земе феудалната земја од беговите и да се даде на селаните што ја копајат. По градовите, да се растурат старите и корумпираните турски власти, да се образуе една демократска власт от народот по градовите и селата, која ќе биде одговорна пред автономното управление на Македонија, избрано и поставено по демократски начин од сичките народи што живејат во Македониа.
Слобода и демократија
Оти тија вистински народни борци убаво знаеја, дека само така, по тој начин и со тија сили не само што ќе се ослободи Македонија, ами ќе и се даде начин да се економски културно развие и подигне како нација. Затова они под своето знаме ги викаа сите народи што тогај живееја у Македонија и страдаа од турскиот феудален јарем: Македонците, Турците и Арнаутите. Оти и тогај у Македонија не живееја само Македонци. Една трета и нешто беа Турци, Албанци и др. За да се уреди една автономна и независна Македониа, можеше само на еден начин: да има слободно и демократски избрано, рамноправно и от сите народности, претставление и управление.
Друг пат немаше: слобода, кај што ќе управља саде еден народ, значеше да Македонија стане само дел на една од државите околу неја — блгарската, турската, српската ели грчката. Затоа Македониа требаше, да стане една „балканска Швајцарија“ демократска република на народите што живеат у неја. Ете, това беше целта на народните борци на В.М.Р.О.
Но разбира се, това никако не и ујдисуваше на државните управители што беа околу Македониа. Сите тија фрлија око на неја и си ја сметаја како своја земја. Си чекаја само прилика, како да си ја земат. Идеалот на В.М.Р.О. само ги заплаши, и на секој начин гледаја данестане. Најповечку за това се загрижи Блгариа. Блгарското управление сметаше дека кога и да е Македониа треба да биде негова, та затова уште тогај се почна усилена пропаганда да се прикажуваат Македонците како македонски блгари, кои требе да се соединат со својата мајка, и сета нимна борба за ослободување ќе требе да има таква цел. И ете тогај блгарското правитлство почна активно да се меша у македонские работи.
Идеја за ослободување на Македониа
Идеата за ослободувањето на Македониа от „мајка Блгарија“ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на Македониа. И Илинден, како прво големо народно дело, покажа сичко това со пример, како што покажа и каде е вистинскиот пат за една вистинска слободна Македониа. За да не дозволи да дојде до една вистинска слобода на Македониа, блгарското правителство направи еден „Врховен комитет“ со кого сакаше, преку свои човеци, да ја руководи сета борба у Македониа. И от тој комитет почна после трагедијата на Македониа.
Кога се спремаше Македонското востание, се мислеше да биде това вистинско народно востание, подигнато у најпогоден момент и со сичката револуционерна сила. Но това никако не сакаше Врховниот комитет. И ете зошто това востание бидна пред време и до крај исползувано од блгарското управление. Но за десет дена, колку што траеше првата македонска република у Крушево, јасно се покажа сичко што не беше нездраво и лажно у борбата на Македонскиот народ. И одтука, кои се едино првите патишта на таја борба. Ние овдека нема да го описуеме самото восатние. Ние само сакаме да кажеме, како неговото големо значение лежи у това, што ни ги покажа онија патишта, што и до ден денешен остануват за нас.
Кои се тиа?
Прво, и најважно е това, дека Македониа не е земја од еден народ ами група од неколку народи, кои се поврзани со своите економски и териториални интереси, и као такви, само на една земја, под свое слободно, демократско управление, можат да живеат како слободни. Кога некои од државите сакајат да ги „ослободат“, това не значи ништо друго до да ги турат под своја власт, да ги поробат. За това само борбата на самите Македонци може да и даде слобода на Македониа – а секој друг – само робство.
Илинденското востание ни покажа како това е верно, и неговиот проглас до сичките народи на Македониа, ни кажуе само, дека тој пат и ние треба да го земеме. Македонците не се ни Блгари, нити Срби, не се ни Албанци ни Грци. Они се група од неколку народи, и затова, на територијата кај што живеат, можат да се слободни само ако се управљавајат сами, равноправно измеѓу себе, и демократски. Това е заветот на Илинден, и правиот пат и за денешната борба.
И баш оти е така, оти Македониа не е от еден народ, мешањето на некоја од државите околу неја, за да го ослободи еден од тија народи — значи само да ги пороби другите, значи само да таја држава има империјалистички цели и ништо друго. Слободата, вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага!
Од Илинден до сега се поминати цели 37 години. Цели 37 години крвава борба и крваво искуство. И Македониа уште не е слободна. Борбата е тешка, душманинот јак, но и мнозина водачи не водеја по крив пат. Уште има кај нас „чекајушти“ и „желајушти“! Уште таквија чекајат некој да ги „ослободи“ и да им даде живот.