Запис на учителот Ѓорѓи Македонски за своето потекло* 1846 г.
Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година. Ѓорѓија Македонски.
* Учителот Ѓ. Македонски, родум од с. Радибуш (Кривопаланечко), по повод стапувањето на учителската должност во родното с. Радибуш, го оставил овој запис со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае” (Знано будет…)
Посочил: Портал Македонска Нација