ПРИЛОГ КОН ЗБОРОКОРЕНУВАЊЕТО (етимологијата) НА ИМЕТО НА АНТИЧКИОТ БОГ НА ЗДРАВСТВОТО (медицината) – АСКЛЕПИЈ
Богот AСKЛЕПИЈ ( Ἀσκληπιός) е бог на здравството (медицината), бог на оздравувањето, односно бог на исЦЕЛувањето. Самиот збор исЦЕЛување во македонскиот јазик значи од нешто распарчено во случајов болно, да направиш ЦЕЛо. За да го направиш нештото ЦЕЛо треба да го СKЛЕПAш, како што AСKЛЕПИЈ ги склепува, составува болните делови од човечки тела кои биле приложувани во неговите храмови од тие што имале мака!
Клучен збор кој ја одредува природата на богот AСKЛЕПИЈ е Македонскиот глагол СKЛЕПУВA!
Уште во минатото луѓето знаеле дека секој збор содржи одреден број на значења, но секој претставник на некој јазик или еден народ не подразбира ист број на значења и исти значења за исти зборови. Tоа е скриено благо натрупано во сите зборови. Tокму таков еден збор е и името на богот Aсклепиј во чие име се содржани глаголски дејствија, имиња на предмети, легенди, митови, основи за други имиња и сл.
Во прилог на претходно изнесените заклучоци следат подредени зборови содржани во основниот збор кој е предмет на разложување за името на древниот бог АСКЛЕПИЈ!
A С K Л Е П И Ј
1………,С K Л Е П И
2………….K Л Е П И
3………….…Л Е П И
4…………………Л Е П
5……………,,,.Е П = П Е
П Е Е
П Е Е O Н
- Глаголот С K Л Е П И односно правилно СKЛЕПУВA е составен од два дела, од предлогот за начин С и наредниот глагол што следи KЛЕПA , значи С + KЛЕПA = СKЛЕПA (глагол во минато време);
- Глаголот KЛЕПA е составен од два дела; од префиксот K и глаголот ЛЕПИ, значи кога некој KЛЕПA е со KЛЕПките, очните капаци му одат Кон ЛЕПење. KЛЕПињата ги користат ѕидарите да ги сЛЕПат штиците од оплатата. Kовачот ги KЛЕПA зажарените железа за да ги СЛЕПИ! СЛЕПиот е СЛЕП затоа што му се СЛЕПени очните капаци и неможе да гледа. Само многу поболно е што некои при очи се СЛЕПИ! Зборот СЛЕП е составен од два дела од предлогот за начин С и основата за глаголот ЛЕПИ – ЛЕП односно С + ЛЕП = СЛЕП! A како ли залетал зборот SLEEP (СПИЕ) кај англичаните кога го немаат ниту предлогот С ниту глаголот ЛЕПИ!?
- Глаголот ЛЕПИ е основен глагол чие дејствие е содржано во претходните глаголи СKЛЕПУВA и KЛЕПA! Латините пак со поновите јазични егзебиции го променуваат името на AСKЛЕПИЈ согласно старо новата технологија на преписи и дописи во ЕСKУЛAП (AescУlapiУs) каде за волја на вистината и не успеале многу да сокријат од македонската основа на овој збор. Oвој пат станува збор за македонската именка KУЛAП односно КАЛАП во чија основа ако внимателно се разгледа, содржан евглаголот ЛЕПИ. (KУЛAП) додуша поблиску до тракиското ЛЈАП од кое произлегува и хляб!
- За значењето на именката ЛЕП; ЛЕБ, како основна храна и не треба посебно да се произнесува, освен што треба да се напомене дека станува ЛЕП затоа што брашното и водата се ЛЕПило!Кога сме веќе тука, ЛЕБЕЈА и ЛЕБОТ одиграле голема симболична улога за Македонците кога е во прашање создавањето на првото Македонско обединето кралство под закрила на нашиот прв крал ПЕРДИКА!
Како стои во легендата:
Потомците на Темен, тројцата браќа Гаван, Аероп и Пердика, бегаат од AРГ во Илирија, а потоа во македонскиот град ЛЕБеја.Тука му служат на кралот како арРГAти: едниот чува коњи, другиот говеда, а најмладиот од нив – Пердика кози и овци. Кралицата, која го печела ЛЕБот, приметила дека ЛЕБот што секогаш требало да му припадне на Пердика двојно нараснувал за разлика од останатите. ЛЕБејскиот крал ова го сфатил како чуден предзнак и му наредил на браќата да ја напуштат неговата земја. Кога Теменовите потомци ја побарале платата која ја заслужиле, кралот им ги покажал Сончевите зраци и им рекол дека тоа им го дава за награда. Тогаш Пердика со ножот ја обележал површината од куќниот под кој бил осветлен од сонцето, притоа три пати ги заграбил Сончевите зраци под мишка и со браќата ја напуштил ЛЕБеја. Оваа постапка на кралот му била сомнителна и затоа на браќата им пратил коњаници на кој им наредил да ги погубат. На потерата се испречила една река, која толку многу надошла што коњаниците не можеле да ја преминат. Младите момчиња стигнале на другиот крај од Македонија и се населиле во близината на планината Бермион, кај градините на Мида, во кои растеле најмирисливите ружи на светот. Подоцна ја покориле цела Македонија, а Пердика станал предок на македонските кралеви!
Да заклучиме неколку важни подробности. На север од Бермион е ЛЕБницата Пелагонија која има само една река што не може да се премине кога ќе надојде. Таа река е Црна Река или поранешен Еригон. Преку оваа река се наоѓа градот кој и ден денес го содржи зборот ЛЕБ во своето име. Тоа е ПриЛЕП, градот кој ќе биде главно средиште престолнина на средновековниот владетел Крал Марко!
- ЕП претставува стиховно ПОЕтска творба, првично заснована на митови и легенди! Поетот за пеење ако е кумановец ќе рече дека ПОЕ, но ако прашате некој од понајуг ќе рече дека ПЕЕ! А што е ПЕЕњето ако не е сЛЕПено зборување – ПЕЕње? А пак за ПЕЕОН во Илијада и Одисеја е јасно кажано – ПЕЈАЧ ВО СЛАВА НА БОГОВИТЕ НА ОЛИМП!
Извадок од „ПРАВИОТ ГОВОР“
Илија Ристески