1834_Josiah Conder – ‘A dictionary of geography, ancient and modern’

Земјописен речник. Македонија ја разграничува како посебна земја. Надвор од Грција, Србија, Бугарија. Внесувањето на Македонија во Грција го нарекува неправилно. Зборува дека во Грција само една третина биле Грци, две третини биле Албанци и Турци, посебно во просторот на Атина и Мореа. Од цела Грција во Атина се зборувал најнеправилен грчки јазик. На запад Македонија се простира до Јонско Море. Градот каде се закопувале македонските кралеви сега се викал Водина, (што значи Воден, а Воден е македонски збор).
И посебно важно – името Грција и Грци се неправилни имиња. Правилните имиња се Хелас и Хелени. Името Грци го имале само жителите на Тесалија, кои така биле наречени од македонските и епирските соседи. Римјаните тој македонско-епирски назив за жителите на Тесалија го рашириле за сите Хелени од целиот Хеленски свет.

„… ГРЦИЈА, ДРЕВНА. (Graecia.) Европска земја, која во нејзиното најраширено приемање, го содржела Пелопонез, и на континентот, државите на Атика, Боетија, Еубеја, Фоцис, Локрис Опунтиј, и Локрис Озолае, Дорис, Аетолија, Акарнанија, Тесалија, Епир, и Македонија. Последната, во секој случај, е неправилно вклучена во Грција, ниту пак Епир строго припаѓал во неа. Зборовите Граеција и Граеци (Грци) се од непознато зборокоренување (етимологија н.п); и древното произведување од кралот Граекус, син на Тесалус, е само доказ дека вистинското значење тогаш било изгубено. Правилното име на земјата било Хелас, а тоа на Грците Хелени. Грците претпоставено е дека првично биле Тесалијци; а името кое жителите на таа земја го добиле од Епирските и Македонските соседи, било од Римјаните проширено на целиот Хеленски народ. Некои учени зборопроучувачи (етимолози н.п.) се желни да го одредуваат кралот Граекус, или Граикос, со Рагоу, синот на Пелег или Фалек; но ако имињата имаат било каква поврзаност, веројатниот влезен збор е овчар или сточар, значење од Хебрејски корен; …“

 

Посочил: Македон Хегемон
Извор:  google.books