1857.10.24_Димитар Миладинов до Кукушани, писмо

1857.10.24_Димитар Миладинов до Кукушани, писмо-01

“… Драги,

Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо и со голема радост разбрав за Вашите благородни чувства кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Добро сте направиле што сте му пишале на Партенија (Зографски, н.б.) за неопходните книги. Скокам од радост кога го гледам Вашиот стремеж и љубов спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мнозина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да ја служат и божествената служба на стариот наш прадедовски јазик… О како ми е срам, зашто на грчки Ви ги изнесувам своите словенски чувства и само од неодамна почнав да читам, да пишувам и да разбирам словенски. Но, кој е виновен за тоа? Фанариотските архиереи коишто насекаде ги изгореле документите на словенските книги… Согласен сум со вашиот предлог и во скоро време ќе дојдам.

Д. Миладинов …”

Рајко Жинзифов, Димитрија и Константин Миладинови.”Ден” (Москва), бр, 46.(1862), стр,14-18; Туше Влахов’, В’зраждане в гр. Кукуш, Исторически преглед, XVI 6, Софија, 1960, стр.18-50

 

Посочил: Портал Македонска Нација