Aрсени Taнaсков Joвкoв (1882 –1924)

Aрсени Taнaсков Joвкoв (1882 –1924)

Aрсени Taнaсков Joвкoв e македонски револуционер, поет, весникар и општественик во Софија, Бугарија. Роден е вo с. Селци, Струшко, на 25 март 1884 г. Toa e eднo oд нajистурените села во западна Македонија во кoe 1875 г. сe родил и Војдан Чернодрински, oсновоположникот нa македонсиот театар. Joвкoв потекнува од видно селско угледно и политички воздигнато семејство. Се школувал воо Селци, Дебар и Битолската Гимназија, каде што се и зачетоците на неговото поетско творештво. Автор е на документарниот филм „Македонија“ од 1923 година.

Иако за делото на Арсение Јовков е малку пишувано, неговото значење за македонската револуционерна борба е огромно. Неговитеанализи за суштината на македонската борба, начините како да се дојде до толку посакуваната слобода и денес се значајни. Тој бара да се збијат македонските редови, како дома така и иселеништвото и да се започне парламентарна борба, зошто парламентот е вистинското место каде треба да се изборат правата на Македонците. Затоа има потреба од македонски листи на изборите во Белград, Софија и Атина.

Во 1921 година тој е еден од раководителите на Илинденската организација и е главен редактор на весникот „Илинден“, а потоа на весниците „Пирин“ и „20 јули“.

Арсеније Јовков, покрај другото е и првиот македонски филмски сценарист. Според негово сценарио е снимен документарниот филм „Македонија“ во 1923 година. Исто така автор е и на сценариото за игран филм „Илинден“.

На денот на неговото убиство. 14.09.1924 година во “Илинден” му е печатена статија под наслов “Македонскиот печат”, во која ги третира проблемите на македонското новинарство.

Извадок од статијата: „Крајно време е да ги сфатиме нуждите за македонскиот печат, да ја сфатиме потребата од негово издигнување, ширење и усовршување и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонскиот печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво“.

Арсени Јовков живеел 40 години. Не можејќи да го трпат неговото македонско делување со јасно разграничување од бугарските интереси бил убиен во Горна Џумаја, пиринска Македонија од страна на приврзаниците на ванчомихајловистичото ВМРО.

 

Повеќе: Портал Македонска Нација1 и 2, struga.org