Онолку колку што можеме да го разбереме напишаното, овој современ британски историчар во оксфордско издание тврди дека кога Славајните дошле, тука веќе имало Срби, Хрвати и Македонци. Со кои се претопиле и измешале, но му го наметнале јазикот.
„… Воениот сојуз со Аварите им даде снага да пречекорат на Византиска територија. Бандите од Славјанските авантуристи стигнале до Егејско Море до 600тата година; (веќе) до 700тата тие ја преплавиле целата Балканска област. Славјаните не ги разместиле (преместиле, замениле) домородните населенија од Срби, Хрвати и Македонци, но нивниот јазик брзо се поставил себе си како општ јазик за сите овие народи (слично како Латинскиот кој обезбедил јазично поврзување помеѓу германските народи на запад). Наскоро следело преминувањето во Христијанство, благодарение на напорите на двајца исклучителни браќа – Константин Филозоф (починал 869) и Методиј (починал 885) – кои ја креираа азбуката за Славјанскиот јазик, ја стандардизираа неговата граматика, ги преведоа Светите Писма и различни литургии на јазикот, и во суштина ја основаа Славјанската Православна Црква. Од оваа база, Христијанството се раширило на север и исток до Бугарите и до Рус (претходници на Русите, со нивниот главен град Киев). …“
Посочил: makedonien.mk