Оддел: А12.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ.
1765 « 1856_A-A. Brazey – ‘A Gazeteer of the World..’, vI, Edinburgh – London – Dublin
Исечекот пишува за австриската воена колонизација со пополнување со разни народи во Унгарија и околу Трансилванија: „… Узбеци, Хрвати, Албанци, Македонци, Срби и Власи. Кон нив биле додадени колонии од Италијанци, Шпанци, Французи, Германци, Далматинци и Бугари. …“
1850_Edmund Spencer – ‘Travels in European Turkey’, v1
Книгава е преполна со занимливи податоци. На неколку места при набројувањата Македонија стои напоредно и раздвоено од Бугарија и Грција. На првата слика Македонците од древно време ги раздвојува од другите стари народи во изминатите милениуми. На едно место (прочитај после 94 страна) писателот пишува дека српските учени го убедувале дека Англичаните имаат српско потекло. Имало преселба на Балтикот и…
1906_John Foster Fraser – ‘Pictures from the Balkans’
Скоро сите патеписци зборуваат за огромната пропаганда на која Македонците било подложени. Не сите, но многумина и од писателите и самите потпаѓале на оваа или онаа политичка пропаганда на која населението било подложено.
0000+_Нов Завет, Дела Апостолски
Неколку цитати од Новозаветната книга „Дела Апостолски“ во кои јасно е дека во Библијата Македонија и Грција (Ахаја) се сметани за две различни земји. Еден од најважните историски документи, можеби најважен е Светата Библија! Во Библијата Македонија е прикажана одвоено од она кое денес се нарекува Грција, а Македонците како посебен народ, различен од Хелените! Во Новиот Завет, во Дела…
0312-0325 « 1677_Socratis Sholastici et Hermiae Sozomeni (Historia ecclesiastica)
Македонците и во 4-от век наведени како посебен народ. Македонците споменати во првата книгa на Хермиј Созомен во која е опфатен периодот 312 – 325 год. т.е. владеењето на Константин I Велики. Хермиј Созомен е еден од т.н. рани историчари на христијанството. Живеел помеѓу 400-450 година. Се смета дека е роден во појасот Газа во Палестина и дека своите книги…
1848_Амвросиј Метлински – ‘Јужно руски Зборник’, Харков
Македонците во руска поема од 1848. „… Прво Турци, после Македонци, ама за чудо Господ и тука ми помогна …“
1601_Petro Bogdano Macedone – Prophetarum de Christo
Петар Богдан – Македонецот. „… и дека јас, затоа што сум роден Македонец …“
0687 « 1878_Константин Иречка – Историја на Болгарите, Прага
Во оваа книга можи да се види спојување на поимите ‘Славини – Склавини – Словени’ со поимот ‘македонски’. Ромејскиот цар Јустинијан II бил нападнат од Прабугарите предводени од Аспарух при неговото враќање од походот на ‘македонската „Славинија“’.
1618 « 1737_James Howell – Epistolae Ho-Elianae – Familiar letters
Турските султани во своите наслови (титули) како еден од најпочесните им бил насловот владетели над Македонија и Македонците. Во оваа книга од 1737 година се набројуваат насловите на турскиот султан Осман Втори (време на владеење 1618-1622) меѓу кои стои и: „Освојувач на Македонците, семето на Велики Александар“. Од една страна тоа значи дека во негово време сеуште постоеле Македонците, од…
1650_James Howell – ‘A New Volume of Familiar Letters’
Во книгата „Нов том на познати писма“ објавено во 1650 година од Џејмс Хауел, Македонците се наведени како посебен народ. Macedonians noted as a separate ethnicity in 1650 year in James Howell book: “A New Volume of Familiar Letters”.
1270-1300 « 1843_Cesare Kantu – ‘Storia universale scritta’, p103
Maкедонците споменати како посебен народ во книга (1843) на италијанскиот историчар Чезаре Канту (1804–1895), која го обработува Средниот век. Maкедонците се споменати во главата која го опишува 13. век 1270-1300 година.
1878_Nassau William Senior – ‘Conversations with M. Thiers, M. Guizot and other..’ v. II, London
Правите Грци никогаш немаше да ги истераат Турците. Тие беа премногу уништени (деградирани) дури и да посакаат слобода. Во текот на многу години откако ја постигнавме сопствената независност тие времето на турското владеење го нарекуваа ‘добрите времиња’. Албанците, Македонците и странците беа тие кои се бореа со Турците. The real Greeks would have never driven out the Turks. They were…
1603_Hieronymus Megiser – ‘Thesaurus Polyglottus’, p54
Hieronymus Megiser бил германски јазичар и историчар. Во едно од своите дела ‘Thesaurus Polyglottus’ (Повеќејазичен зборовник) на 54 страница го споменува и македонскиот јазик преведувајќи ја примерната реченица „Боже, Боже мој зошто ме остави“ на македонски. Дел од зборовите во реченицата се сосема разбирливи слично на денешниот говор, дел се потешко разбирливи. Дури и да се третира како земјописно определување…
1922_Hermann Wendel – ‘Kreuz und quer durch den Slawischen Süden’, Frankfurt
Херман Вендел во Ресен, 1920-тата… „… Рој момчиња околу автомобилот… – Добро, што си ти? – Запрашав едно од нив. Тој погледна срамежливо и неразбирливо. – Тој е Турчин, викна хорот. – Аха? (до хорот) А Вие? – Македонци! – испукаа, како од пушка.“ На прашањето од патеписецот „што се“ одговорот бил: „Македонци!“ Херман Вендел (1884–1936) е германски историчар, политичар,…
1882_Edward A. Freeman – ‘The historical geography of Europe’ II edition, London – New York
„… Словените навлегле во големи делови од Македонија и Грција… … Зборот Македонец почна да значи Словенски… … словенската окупација на Грција е факт кој не треба ниту да се запостави ниту да се преувеличува …“ Посочил: ДООМ