Иако писателот E.L. Clark не ги споменува Македонците соодветно на тогашната (1878) општа политика од сите за непризнавање на Македонците, на многу места каде што Македонија се споменува потполно е јасно дека Македонија е одвоена како простор кој не му припаѓа ниту на Грција ниту на Бугарија или Србија.
Македонија не се смета за дел од древна (античка) Грција.
Св. цар Константин, царот Јустинијан наведени се како словени, а царот Василиј II како Македонец.
Светите Кирил и Методиј се наведени како „најверојатно од словенско потекло“. А глаголицата како словенско писмо за кое не е јасно кој и кога ја создал.
Како може Македонија да е бугарска, грчка, српска, албанска… кога историчарите од древност до најново време Македонија редовно ја издвојуваат од земјите Бугарија, Грција, Србија, Албанија!? При тоа неспоменувањето на Македонците и македонскиот народ кој живее во Македонија е последица на општиот балкански политички негаторски однос заснован на освојувачката лакомост што најчесто, но не и секогаш ќе се пренесе и на светската политичка и историска наука.
Извор: Google книги