1569 — 1586_Alonso de Ercilla – ‘Araucana’

1569 — 1586_Alonso de Ercilla - 'Araucana'

„… Може ли некој да ги изброи ескадроните? И големиот број галии? Толпи и мешавина од нации… Видов Хрвати, Далматијци, Славонци, Бугари, Албанци… Грци, Македонци, Турци, Арапи, Сиријци, ’сарацени‘, Африканци. …“

Цитат од книгата на шпанскиoт патешественик и поет Алонсо де Ерсија и Зуњига (1533 – 1594) во која ги спомнува Македонците како посебнa народносна единка.

Восхитен од “Новиот свет”, дон Алонсо во 1556 г. отпатувал во средна Америка. Таму му се придружил на Гарсија Хуртадо де Мендоза – врховен командант на шпанско Чиле. Задачата била задушување на востанието на домородните Арауканци, кои се дигнале против шпанските колонизатори. Дон Алонсо останал во Чиле и учествувал во неколку битки. Откако се вратил во Шпанија, храброста на Арауканците го поттикнала да го опише тоа што го видел. Така настанал eпот „Араукана” во три дела, првично издадени 1569, 1578 и 1586 г.
Ова е дел од втората книга преиздадена 1586. Овој еп потоа имал десетици преизданија.

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story …
Извор: books.google.mk