-0486 – -0465_Стар Завет, Книга Естира 8:12

-0486 – -0465_Стар Завет, Книга Естира

Во Книга Естира, главниот советник на персискиот цар кој се викал Аман Амадатов влегол во личен судир со Мардохеј, влијателен Јудеец. За одмазда го наклеветил јудејскиот народ кај царот, дека е штетен за царството и дека сите Јудејци треба да бидат истребени. Но персискиот цар од неодамна ја имал за жена Естира, примерна и побожна Јудејка и роднина со Мардохеј. Низ разни перипетии Естира и Мардохеј успеале да се соочат со сплетките на Аман Амадатов и да го спречат планираното уништување на Јудејците. Целата Книга Естира е на тоа посветена, на раскажувањето за едно јудејско историско премрежие, кое го преброделе со помошта на побожната Естира.
Како што првата одлука за да се гонат Јудејците била објавена со општ проглас низ царството, така и втората одлука е објавена со општ проглас. Во еден дел од прогласот стои вака:

„Така Аман Амадатов, Македонец, поправо туѓ на персиската крв и многу далеку од нашата благост, бидејќи беше примен кај нас на гости, се здоби со благонаклоност, што ја имаме кон секој народ, дотолку, што беше прогласен за наш татко и почитуван од сите, при што претставуваше втор човек при царскиот престол; но, бидејќи не ја скроти гордоста, замисли да нé лиши од власта и душата, а нашиот спасител и секогаш благодетел Мардохеј и непорочната соучесничка на царството Естира со сиот нивни народ се стремеше да ги погуби со разни сплетки. На тој начин тој мислеше да нѐ остави без луѓе, а персиската држава да им ја предаде на Македонците. Но ние наоѓаме, дека Јудејците, осудени од тој злосторник на истребување, не се злосторници, туку живеат според најправедните закони, како синови на Севишниот, живиот Бог, Кој ни го подари нам и на нашите прадедовци царството во најдобра состојба. “

Аман Амадатов кој стигнал до позиција да биде втор човек во Периското Царство бил Македонец, обвинет дека тајно работел за да се растури Персиското царство за да биде преземено од Македонците. Нема додаток, Хелен Македонец, хеленски Македонец или нешто слично.