1953 « 2005_CIA – IMRO Leader Mihailov Visits Greece, Turkey, Italy

„… Иван Михајлов, ВМРО предводник (да не се помеша со Бугарскиот Комунистички старешина со истото име), се појавил во текот на 1953 година во Атина, Солун и Рим. Неговите заложби биле да воспостави нови врски и да ги обнови старите. И покрај неговите повоени потешкотии Михајлов остана човек со големи способности и целнонасоченост, без намера да се откаже од неговиот животен напор за создавање на автономна Македонија, било како рамноправна членка на Балканска Конфедерација или како нова независна Балканска сила. Тој постојано изјавувал дека “било кој” метод кон оваа цел, во неговите очи е легитимен. Тој е близок пријател и соработник со Анте Павелиќ, Хрватски Усташки предводник, кој сега живее во Аргентина. Затоа, секогаш постои шанса, дека Михајлов ќе воспостави блиски односи со анти-Титовата опозиција во Хрватска. …“

 

Ванчо Михајлов во 1953 година бил во Грција. Што значи иако е добро познат фашистички соработник, поврзан и со италијанските фашисти и со врвот на германските нацисти, иако во беломорска Македонија правел зулуми во текот на Втора Светска војна и иако таму убивал и ограбувал грчки граѓани, посебно Евреи, дволичните грчки политичари и самите профашистички задоени, не само што не го гонеле, туку го примиле и скоро сигурно имале средби со него.

Исто така важен податок е дека, како во овој напис така и многу други места, сите сметале дека Ванчо Михајлов се бори за независна Македонија. Што произлегува онака како што тој пред широката јавност лажно се претставувал, заради поддршката од народот во Македонија.

Посочил: Вождот
Извор: ЦИА