1933.04.03-1934.04.03_Неделник – ‘Македонска Правда’, Софија

1933.04.03-1934.04.03_Неделник - 'Македонска Правда', Софија

Македонска Правда бил неделен орган на македонската емиграција во Бугарија.

Првиот број на весникот излегол во Софија на 3 тревен 1933 додека последниот 52 број се издал на 3 тревен 1934 година. Излегувал на бугарски јазик со тираж од 8000 примероци под редакција на Димитар Попефтимов (до бр. 11), а потоа одговорен редактор е Илија К. Граматиков, но веќе со изменета (протогеровистичка) национално-политичка концепција, во прилог на 19-мајскиот преврат.

Редакторот во уводникот на првиот број изјавува дека весникот „ќе се бори за слободата на мислата“ и собранијата на македонската емиграција во Бугарија, за премавнување на вонредната состојба во Петричко, за подобрување на стопанските услови на бегалците и за народносна и културна слобода во трите дела на поробена Македонија.

Македонскиот народ треба да е готов при секоја нова опстановка, при секоја нова промена во Грција, во Југославија или во Бугарија, да си го каже својот збор, да ја пројави својата волја и да учествува со своето активно присуство и дека „ќе ја култивира идејата за Балканска федерација, како единствено засега средство за умиротворување на Балканот, во рамките на која федерална Македонија навистина би била слободна и среќна“,
.
Наводи
↑Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 337-340
↑Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација, II, Скопје, 1983, 536-541.

Посочил: Портал Македонска Нација