Во 1934 година во Детроит, во весникот „Македонско знаме“, Васил Ивановски под псевдоним „Бистришки“ ја пишува статијата – “Зошто ние Македонците сме одделна нација“.
Во неа Бистришки детално ги објаснува разликите помеѓу Македонците и соседните народи.
Дел од ракописот од фељтонот „Македонската нација и македонското национално сознание“ на Васил Ивановски подготвен во 1934 г.. Првата статија насловена „Што е нација?“ била напечатена во софискиот весник „Македонско Знаме“, но не е пуштена во промет, бидејќи тој број од весникот веднаш бил забранет од Бугарија.
По бугарската цензура, Васил Ивановски со помош на ВМРО револуционерот Смиле Војданов, овие свои написи ги отпечатил во Детроит, САД, под наслов „Зошто ние Македонците сме одделна нација?“