1903.03.15_The New York Times – England betrays Macedonia

1903.03.15_The New York Times - England betrays Macedonia

КРАТКОТРАЈНА МАКЕДОНСКА СЛОБОДА.

Краток опис: Во статијата е објавено писмо до уредникот на Њу Јорк Тајмс. Според творецот на писмото Македонците не можеле да ја заборават слободата, која за кратко во распон од 4 месеци ја добиле со Сан-Стефанскиот договор.
После Руско-Турската војна во која Турција била тешко поразена, со тој договор била обезбедена слобода за Македонија од турското зловладеење и им бил даден луксузот на национална слобода. За повторното враќање под турска власт, најголема вина имала Англија, посебно со нивните постапки за време на Берлинската Конференција. Со тоа била поништен рускиот обид за ослободување на нивните роднини на Бугарскиот Полуостров, додека за возврат за предавството на слободата и правдата Англија од Турција го добила островот Кипар.
Ако избиеше Европска војна, Британската Империја поради лошите политики би доживеала пораз, како национална казна за националните злоделувања.

 

Очигледно е дека творецот на писмото имал повеќе погрешни ставови за состојбите, но сепак корисно е што се застапувал и жалел за изгубената национална слобода за Македонците. Кога зборува за “Бугарскиот Полуостров” писателот на писмото веројатно сите Славјани ги сметал за Бугари и тоа како такви роднини со Русите. Истото се среќава и во други историски податоци како продолжеток на грчкото гледиште дека сите Славјани вклучувајќи ги и Русите се Бугари. Во српската книжевност се среќаваат делови, па дури и цели книги со цел да се образложи тоа погрешно сфаќање.

 

„… MACEDONIA’S BRIEF FREEDOM.
To the Editor of The New YorJu Times:
The Macedonians have apparently not
forgotten the taste which twenty-five years
ago they had of liberty, when for four
short months they were an independent
people. It w`ilɪ be remembered that by the
treaty of San Stephano, Russia, after a
bloody war In which Turkey was badly
worsted, secured for Macedonia liberty
from Turkish misrule, and gave them the
luxury of national independence. It will
be remembered, too, that responsibility for
their being put back under the odious rule
of Turkey rests mainly with England,
whose plans for theɪr subjection to the
bondage from which they had been liber-
ated were carried into effect at the Ber-
lin Conference in July, 1878, when the trea-
ty of San Stephano was practically nulli-
fied. Russia’s broad-minded policy for the
liberation of their kinsmen in the Bul-
garian Peninsula was thus thwarted, while
England received from Turkey the Island
of Cyprus, as the price of her betrayal of
libertv and justice.
If there should rise a European war in
which the British Empire, so widely ex-
tended too often by similar means, should
suffer disaster, it would only be another
illustration of the certainty of national
penalty for national wrongdoing.
New York, March 10, 1903. SCO1US.
EIk yrwljork Simes
Published: March 15, 1903
Copyright © The New York Times …“

 

Посочил: Ѕале