Познатиот чешки книжевник, историчар и преведувач – Иван Доровски, во својот труд за развојот на литературните процеси на Балканот во 19ти век посочува дека во 1840тите години тогашните т.н. бугарски учители ја воочиле различноста меѓу македонскиот и бугарскиот јазик.
Еден од тие учители, Најден Јовановиќ и практично ја потврдил разликата во 1846 година кога го направил и отпечатил првиот (досега познат) превод од македонски на бугарски јазик. Значајно при тоа е што Јовановиќ македонскиот го нарекол „славјански“, а бугарскиот го нарекол „словеноболгарски“.
Различноста меѓу македонскиот и бугарскиот порано ја забележал и српскиот филолог и јазичар Вук Караџиќ. Во 1822 година, Караџиќ напишал дека во “правата Бугарија (доле кај Дунав)” се зборува поразличен јазик отколку во Македонија.
Меѓутоа стварноста за разликите во јазиците излегла во јавноста дури со одбивањето на бугарската книга во Македонија во 1860тите години, кога јавно се проговорило дека „друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик“
Иван Доровски професор на универзитетот „Масарик“ во Брно – K nekterym otazkam balkanskeho literarniho procesu na pocetku 19. stoleti.
Посочил: Пољакот од Македонија