• 1894 Гоце кон Даме •
Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?… Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се влее вера во неговите сили – да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата – да му се отворат очите.
• 1895.10.17 Гоце кон Каранов •
Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.
• 1896.02 Гоце кон врховистичкиот генерал Николаев •
Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да им дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да командувате оттука за да нè внесете, како што се обидовте лани, во игра на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе распален и делумно вооружен. Тој може да се поведе по измамата, а тоа ќе го чини реки крв и планини од трупови. Ние нема да го дозволиме тоа. Не, крвта на народот е скапа и не сакаме да ослободуваме трупови, ами жив народ, за да живее и расте.
Гледам дека вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметавме дека од вас, од Комитетот и емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари.
• 1897.04.4 Гоце кон Никола Малешевски •
Ќе удри утринската зора и за нас.
• 1897.04.22 Гоце кон Никола Малешевски •
Кој знае дали има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, како македонскиот.
• 1899 •
• 1902 •
• 1905 •
• • •
Според белешките на Пејо Јаваров Гоце Делчев изјавил: „Ќе го искинеме тоа було, и ќе грејне сонцето на слободата, но НЕ бугарското сонце!“
Бугаристите два пати ја лажираат реченицава. Прв пат оваа мисла на Делчев е објавена 1962 година во антологијата „Пејо Јаворов“ на неговата внука Ганка Најденова – Стоилова. Книгата е издадена во живковистичка Бугарија, кога повторно се фабрикуваат противмакедонски бугаристички лажирања.
Така, тука „изјавата“ гласи: „Ќе го искинеме тоа було (превез), и ќе грејне сонцето на слободата, но НЕ СЕКОЕ сонце!“
Второто лажирање се случило 2008 г. во историски труд на Милкана Бошнакова. И, некако, цитатот НЕ Е ИСТ… Oваа измена го открива и го докажува првото лажирање.
Како сега Бугарите го лажираат податоков? Ако во реченицата ја нема негацијата „не“, изјавата би била спротивна и прилично про-бугарска. Вториов пат, бугарските лажиранти негацијата „НЕ“ ја запишуваат како предлогот „НА“.
Но, вака реченицата ја губи смислата: „Ќе го искинеме тоа було, и ќе грејне сонцето на слободата, но НА бугарското сонце!“… Во јазична смисла, тука предлогот „на“ е вишок.
• • •
• • •
• • •
Јаска се родив за да ве обединам, за да се освободиме и да не ве гледа појче като робови на Турците, Грциштата, Србиштата и Булгарите, ами като свои на својто, като Македонци во своја држава Македонија.
Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.
Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!
Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија.
Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.
Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.
Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница.
Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.
Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“
…Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…”
Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци; оној што сака да jа присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или добар Грк, но не е добар Македонец. Таков Бугарин или Грк поддржува и вечниот конфликт меѓу балканските народи, кои требва да живеат во братска дружба, за да бидат посреќни. Македониjа им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религии, нации и jазици, во утрешна слободна Македониjа и преку неjа ќе се здружат сите балкански народи.
Мисла на Гоце Делчев запишана во романот “Илинден” на Димитар Талев.
Ние не мислиме да правиме политика, ниту на други да им дозволиме да прават политика со Македонија. Нашата борба за нас тоа е живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме. Кога ќе се прави востание ќе реши народот.
Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која било друга сила, туку треба да се подготвиме од внатре – во душата на секој селанец да се проникне таа идеја.
• • •
Наспроти многубројни жртви давани од македонскиот народ за извојување на човекови права, наспроти потоци на крв, со кои е напоена македонската земја, неправдата и грубиот материјален свет не го слушнаа праведниот глас за слобода на македонецот.