• 1903 За македонцките работи – извадок •
Бугарската држава имаше повеќе словенско жителство, но (беше именувана) со името на нејзините образувачи – Монголците Бугари.
Българската държава е имала повече славянско население, но (е наречена) съ името на своите основатели – монголските българи.
• 1923 списание ‘Пирин’, статија ‘Македонска Култура’, Софија •
• Македонска култура, “Миръ”, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1. •
Еден цитат од Крсте Петков Мисирков за македонската национална култура и свест и за посебноста на македонската земја.
“Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.
К. Мисирковъ – македонецъ”
• • •
• • •
• 1925.03.12_Крсте П. Мисирков – ‘МИР, Македонски Национализам’, XXXI, 7417, Софија
Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас
• 1925.03.25_Крсте П. Мисирков – ‘Мир – Самоопределувањето на Македонците’, 7427 •
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште.”
Други извадоци од написот:
..национално обединување на Македонците (прикриено) под бугарска маска..
1903_К. П. Мисирков – ‘За Македонцките работи’, с71
• 1925 •
Македонското национално чувство и национално сознание е толку старо, колку и „бугарското“ и српското, и бидејќи не е создадено од Егзархијата за 40-50 години, исто така не може да биде ни уништено со 40-50 годишен српски асимилаторски режим.
Ние не сакаме туѓо, а си го браниме своето
Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи. Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание.
Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето. Секој што го напаѓа нашиот јазик ни е исто таков наш непријател како и напаѓачот на нашата вера. Верата и јазик – тоа се душата на еден народ, со изменувањето на кои еден народ прави коренен душевен преврат: тој се откажува од сe поранешно и зема сe ново. Тој коренен преврат, ако станува постепено во текот на цели векови не е опасен, зашто едни делови од него се однесуваат за едни поколенија, други за други поколенија, така што едни делови преминуваат по наследство, како народно наследство, и само некои се нови. Тој коренен преврат не е опасен само ако е резултат од самостојното развивање на народот.
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сe отстрана. Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму. Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нe задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси. Притоа ние не сакаме туѓо, а си го браниме своето.
• • •
Ние, македонската интелигенција, без сомнение, ја носиме најголемата одговорност за положбата во која денеска се наоѓа нашата татковина. Меѓутоа, има околности што ја намалуваат нашата вина, не оправдуваат пред нашите несреќни сонародници, особено пред оние што прокудени од своите родни огништа се принудени денеска немили и недраги да скитаат низ разните краишта на Бугарија.
Цели триесет години се водеше херојска борба на Македонците за соборување на турското ропство. Едновремено со тоа во Македонија беснееја, деморализирајќи дел од населението, туѓите пропаганди. Македонската интелигенција се оддаде пред се’ на револуционерна дејност. Но имаше и такви што наоѓаа дека има и други патишта и можеби не помалку важни од револуционерната борба за успехот на македонското дело.
Мојата книшка за македонските работи, издадена во Софија во 1903 година, и мојата статија „За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров” покажуваат дека дел од македонската интелигенција барала и наоѓала и други средства за борба, а имено самостојната македонска научна мисла и македонската национална свест.
Јас не се каам што уште пред 28 години се објавив за македонскиот сепаратизам. Последниов беше и си останува за мене единствениот излез, најдобриот пат по кој македонската интелигенција би го исполнила и ќе го исполни својот долг пред татковината и пред нашиот народ.
Во 1912 година на прашањето на моите сотатковинци – што да се прави ако нашето село остане под грчка власт, им одговорив: под каква власт и да остане селото вие ќе си останете на местото, нема никаде да се иселувате.
Можеби од општобугарско гледиште јас не сум дал наполно патриотски совет, но од македонско гледиште тој совет е единствено правилен.
Кога, меѓутоа Грците изгонија насила многу Македонци во Бугарија, јас како Бугарин би требало да се радувам што бугарското племе изгуби земји, но си, го зачува населението од елинизирање.
Но јас не се радувам на тоа иселување. Исто така не можам да гледам на прашањево со очите на г. Мих. Маџаров, којшто вели дека подземните богатства и градските индустрии на Бугарија печалеле од пристигањето на бегалците.
Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив. Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада. Изгонети од грчка Македонија, Македонците требаше да отидат во српска Македонија, да образуваат воени населби и да го дочекаат денот кога би можеле да се вратат на родните пепелишта.
Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.
Можеби ќе бидам упрекнат за малодушност, за изневера. Ќе речат: тоа што е денеска нема да остане вечно така; и за бугарштината еден ден ќе огрее сонце.
Тоа е онаа иднина за која ние водиме и треба да водиме сметка и пред која ние сме одговорни. Но прашувам јас: правилно ли е разрешено македонското прашање со преселувањето на 300-400.000 Македонци од грчка Македонија во Бугарија наместо тие да бидат население во српска Македонија.
И од македонско и од српско, па дури и од бугарско, т.е. од општо јужнословенско гледиште најправилно, најцелесообразно и најпредвидливо би било изгонетите Македонци да бидат населени во Јужна Македонија за да образуваат една непробојна стена против азијатскиот грцизам расположен со фронт на север против Југославија и Бугарија.
Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.
И нека бидат уверени сите заинтересирани дека кај Македонецот ќе се најде достатно такт, предвидливост, самопожртвување за постигањето на едно општо добрување на Балканот, доста е да биде зачетено националното и личното достоинство на Македонецот.