Оддел: А09 Светски печат

Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.

Posted in А9.1 Слика и посока

1938.10.14_The Gary American – Attention Macedonians, Gary, Indiana

Весникот објавува повик од неколку македонски организации, Македонците да го поддржат Френклин Делано Рузвелт, повторно да стане Претседател на САД. „… МАКЕДОНЦИ ВНИМАНИЕ … Македонци примете до знаење: Македонската Напредно Друштво Илинден и членовите на Македонската Народна Напредна Лига на САД и Канада званично повикуваат на поддршка на Демократската партија и Претседателот Френклин Делано Рузвелт на неговата конвенција во Медисон,…

Posted in А9.2 Само слика

1924.09.16_Les assassins de Todor Alexandroff sont exécutés

„…Тодор Александров шефот на Македонските револуционери … Да живее Македонија, слободна и независна … Генерал Протоѓеров“   Посочил: SamuGun (2020.01.25)

Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1922.11.04_The Washington Herald – Macedonia rebels hang 6 Bulgars

“… МАКЕДОНСКИ БУНТОВНИЦИ ОБЕСИЛЕ 6 БУГАРИ Околу 3.000 Македонски нерегуларни [борци] го нападнаа Бугарскиот град Неврокоп, кој беше од полицијата бранет два дена, селани и работници. Најпосле Македонците испаднаа победници. Тие обесија 6 жители, а имаше и бројни други жртви. Кога пристигнаа Бугарските војски дваесет куќи и училиштето беа изгорени. …“   Посочил: Праведниот

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1929.06.15_La Fédération Balkanique

Во весникот „Балканска федерација“ во 1929 година е објавена петиција, потпишана од 157 светски умственици (интелектуалци), меѓу кои и Алберт Ајнштајн со барање за слобода и автономија за македонскиот народ. На умствениците им бил даден прашалник (анкета) изготвен од весникот „Балканска федерација“, за состојбата со Македонците и Македонија – за разрешување на македонското прашање, во склопот на признавање на малцинските…

Posted in А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1903.07.11_Киевлянин, №189

Зголеменото (интензивното) противмакедонство на бугарската Влада во пред-илинденско време, забележано и од украинскиот печат (тогаш во рамките на царска Русија). Ова се случува на помалку од еден месец од востанието. „… Неколку чети се обиделе да ја преминат границата. Бугарски пунктови го спречиле тоа. Воjвода Саракинов бил уапсен во моментот на преминување на границата …“ Известува за борби на востаниците…

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.04.05_Arizona Republican – Macedonian movement

Уште еден доказ за бугарското противмакедонство. Бугарската држава не само што не им помагала на Македонците, туку била против Илинденското Востание и општо против македонската борба за слобода. „… МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ Е Силно Спротивставувано од Бугарската Влада Виена, 4 тревен 1903 година – Сознанијата добиени тука од Софија, велат дека бугарската влада презема дејствени мерки против македонските бандити и има…

Posted in _Избор А19.1 Слика и посока А9.1 Слика и посока

1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters

„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење. … Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“ Според поднасловот бугарската Влада…

1903.08.16_The New York Times
Posted in _Избор А24.5 Дела и Настани А9.1 Слика и посока

1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians

За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…

1901.05.09_Singleton Argus, p2, NSW
Posted in А9.1 Слика и посока

1901.05.09_Singleton Argus, p2, NSW

„… МАКЕДОНИЈА Вечно повторуваните неволји во Македонија оваа година се закануваат да излезат на површина. Фактите за случајот се едноставни. Македонците имаат право, според Договорот од Берлин, да бидат управувани од нивните автономни установи. Оваа клаузула никогаш не била извршена, а Македонците чекаа дваесет и три години на Големите Сили да им стане згодно тоа да го осетат, освен ако…

1900.09.22_The London Times, p05 - The Macedonian Revolutionary Committee
Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1900.09.22_The London Times, p05 – The Macedonian Revolutionary Committee

Подолга новинарска статија посветена на Македонскиот Револуционерен Комитет после аферата со убиството на романски должносник за што комитетот бил обвинуван. За да дојде до помирување со вознемирената романска страна бугарскиот принц Фердинанд и неговите министри смениле некој министер за стопанство. Во меѓувреме охрабрен од неказнивоста Македонскиот Комитет станал прав ментор на Владата и давал малку внимание на предупредувањата од Австро-Унгарија…

Posted in А9.2 Само слика

1941~1949.06.26_Raids by Greek Terrorist

„… ПРОГОНИ ОД ГРЧКИ ТЕРОРИСТИ Лондон, Жетвар 26 (A.A.P) Оптужбите во Југословенскиот печат дека банди од Грчки Е.Д.Е.С под команда на Генерал Зервас, спроведуваат терор програма против Македонците, подигнаа стравови дека може да настанат сериозни меѓународни компликации. Извештаите тврдат дека бегалците идат преку Скопје, (порано Ускуб) во Србија, со приказни дека се истерани од своите домови со грабеж и насилство….

Posted in А9.1 Слика и посока

1912.10.30_The Washington Times – Asked to Take Crown

За време на Балканските војни, братот на данскиот крал, принцот Харолд бил прашан од дипломатските претставници на балканските држави – дали би ја прифатил круната за идното кралство на Македонија. Планот на балканските сојузници е разбран за Македонија да се направи како независна земја, откако ќе биде изборена од Турција, и потоа да влезе во федерација со Бугарија, Србија, Црна…

Posted in А9.1 Слика и посока

1912.11.01_The Washtington Times – Danish Prince May Become King of Macedonia

Данскиот принц Харолд се согласил со замислата да биде крал во идното македонско кралство.   Посочил: Вождот

Posted in А9.1 Слика и посока

1890.06.08_The New York Times

Турскиот Султан за Њу Јорк Тајмс објаснувал кој лежи во турските затвори. „… Во турските затвори Муслиманите и Христијаните се држени одвоено … Христијаните се составени од Грци, Бугари, и Македонци …“.     Посочил: Macedonian Agema

Posted in _Избор А9.1 Слика и посока

1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position

„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание. ‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор…